Младинско вработување – Потребно е заедничко дејствување помеѓу граѓанскиот сектор и носителите на одлуки

На покана на Младинскиот сојуз – Крушево, а во рамките на проектот „WB & T for EmploYouth“ кој е финансиран од страна на Европската Унија (ЕУ), претставници на ИДУЕП беа дел од Националниот настан за вмрeжување и заедничко дејствување. Изминатите два дена претставнички и претставници на 10 организации разговараа за можностите за вмрежување и заеднички настап во сферата на младинското вработување. За време на настанот беше одржана и консултативна дебата со дел од носители на одлуки, на која беа презентирани заклучоците од Брифот на политики „Одржливи механизми за учество на…

Студентски лидери: Младите треба да добијат шанса да ги менуваат институциите – решенија за „билетот во еден правец“

Институциите целосно да се отворат за младите и нивните барања и идеи, а студентите со конкретни активности за подобрување на јавните услуги да покажат дека навистина има што да понудат за позитивна промена во општеството – беше заклучено на дебатата насловена „Билет во еден правец – Дали институциите преземаат нешто за да го променат ова?“. На јавниот настан кој беше организиран од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) беа презентирани две конкретни идеи за…

Граѓански организации креираат модерациска политика за јавните институции во делот на социјалните медиуми

Како follow-up на иницијативата за формирање Национална платформа за справување со дискриминирачкиот говор и другите негативни појави во интернет просторот која произлезе како резултат на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу ИДУЕП и Комисијата за спечување и заштита од дискриминацијата (КСЗД), девет граѓански организации започнаа заедничка иницијатива за креирање на документ за модерациска политика на јавните институции кој по неговата финализација ќе биде понуден да се примени на корисничките сметки на социјалните медиуми од страна на сите заинтересирани општествени чинители. На првата координативна средба која се одржа денес (3.3.2023 година) претставниците…

ИДУЕП и УСС УКИМ јавен настан „Билет во еден правец – Дали институциите преземаат нешто за да го променат ова?“

Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ), Ве покануваат на јавниот настан насловен „Билет во еден правец – Дали институциите преземаат нешто за да го променат ова?“ Датум на одржување: 1.3.2023 година, среда, време: 12 – 14 часот, локација: Студентски дом „Гоце Делчев“, Читална во блок Б (ул. „Московска“ 9, 1000 Скопје). Целта е презентирање на две конкретни идеи за подобрување на квалитетот на живот на студентите и нивно вклучување во процесите на одлучување: 1)…

Прирачник „Дигитална трансформација кон е-општини“

Прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини“ е издаден во февруари 2022 година, изработен од страна на авторите Бојан Кордалов и Тоше Зафиров, а уредник е Ивајло Цонев. Вклучени истражувачи во изработката на овој прирачник беа и Невена Георгиевски, Јана Мировска, Теа Димковска и Дарко Беровски. Прирачникот е издаден на македонски и албански јазик од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи и Фондацијата за слобода „Фридрих Науман“. Исто така, достапно е и кратко резиме на Прирачникот на англиски јазик.       ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА КОН Е-ОПШТИНИ (.pdf)    …

Кордалов на НСЕИ: Неопходно е да ги охрабриме младите да бидат креатори на општеството

Интегрален текст од презентацијата на наодите, заклучоците и препораките во рамки на спроведениот Проект „Што сакаат младите – професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“ на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции (НСЕИ) при Собранието од страна на Бојан Кордалов, комуниколог и претседател на НСЕИ: „Почитуван претседател на Националниот совет за евроинтеграции, почитувани пратеници и пратенички, членови на Национален совет, претставници и претставнички на делегацијата на Европската Унија и Шведската амбасада, драги пријатели. Ми претставува навистина огромна чест и задоволство што на оваа тематска седница, односно за време…

НСЕИ едногласно ги усвои препораките на ИДУЕП од Анализата „Што сакаат младите – професиите на иднината бараат вештини денес“

Националниот совет за евроинтеграции денеска ја одржа Деветтата седница, на која беше презентирана Анализата „Што сакаат младите – професиите на иднината бараат вештини денес” изработена од Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Седницата ја предводеше претседателот на НСЕИ, пратеникот Александар Николовски, а со свои дискусии и сугестии учествуваа: Гордана Сиљановска-Давкова, пратеничка и членка на НСЕИ; Фиснике Бектеши-Шаќири и Здравко Трајанов, пратеници и заменици-членови на Советот, Миќо Стојаноски, претставник од Сојузот на синдикати на Македонија, како и пратениците Бојан Стојаноски и Санела Шкријељ. Анализата со заклучоците пред Националниот совет…

Анализата на ИДУЕП за професиите на иднината ќе биде презентирана на седница на НСЕИ

Денес, 22.2.2023 година, на деветтата седница на Националниот совет за евроинтеграции при Собранието ќе биде презентирана анализата „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат вештини и знаења денес” која ја изготви Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Седницата е закажана со почеток во 12.00 часот, во собраниската сала „Борис Трајковски. Анализата е изработена во рамки на истоимениот проект кој се имплементира од страна на ИДУЕП, кој е финансиран од страна на Европската Унија, а субгрантиран од страна на фондацијата „Ана и Владе Дивац“, Младинскиот сојуз Крушево и…

Младинските теми се интересни – Обука за градење на двонасочна комуникација и соработка

„Градење на двонасочна комуникација – Информации и податоци за млади, како ги комуницираме?“ е насловот на обуката која се одржа во периодот 16 до 18 февруари во Скопје. Оваа обука беше организирана од страна на Младинскиот сојуз – Крушево, а во рамките на проектот „WB & T for EmploYouth“ кој е финансиран од страна на Европската Унија (ЕУ). Целта беше зајакнување на соработката на релација граѓански сектор и медиуми со цел актуализација на младинските прашања, особено на предизвиците за вработување на млади, но и корупцијата како важна тема за младите…

ИДУЕП дел од консултативниот процес за организацијата на Преспа форум за дијалог

Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) со свое активно учество во консултативниот процес за организацијата на јубилејното 5. издание на Преспа форумот за дијалог (ПФД2023). Заедно со претставници и претставнички од дел од домашниот граѓански сектор и други тинк тенк организации, учествуваше на Панел дискусијата организирана од страна на Министерството за надворешни работи (МНР) со која официјално се најави одржувањето на Форумот на 15 и 16 јуни 2023 година во Струга. Според планот, се предвидува на 14 јуни да биде одржан и засебен Младински ПФД2023, а со цел…