Граѓански организации креираат модерациска политика за јавните институции во делот на социјалните медиуми

Како follow-up на иницијативата за формирање Национална платформа за справување со дискриминирачкиот говор и другите негативни појави во интернет просторот која произлезе како резултат на потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу ИДУЕП и Комисијата за спечување и заштита од дискриминацијата (КСЗД), девет граѓански организации започнаа заедничка иницијатива за креирање на документ за модерациска политика на јавните институции кој по неговата финализација ќе биде понуден да се примени на корисничките сметки на социјалните медиуми од страна на сите заинтересирани општествени чинители.

На првата координативна средба која се одржа денес (3.3.2023 година) претставниците и претставничките на овие граѓански организации ја утврдија динамиката и начинот на изготвување на овој документ, како и потребата од негово дисеминирање и јавно промовирање до целосно усвојување од страна на институциите.

 

На состанокот учествуваа следните претставнички и претставници од граѓанскиот сектор:

Нада Димитриевска – Центар за управување со промени (ЦУП)

Гоце Коцески – Македонско здружение на млади правници

Билјана Дуковска – Македонска платформа за борба против сиромаштија (МППС)

Весна Шапкоски – Станица П.Е.Т.

Благица Димитровска – Инклузива

Тона Карева – Хелсиншки комитет

Марија Сулејманова – Ромалитико

Бојан Кордалов – ИДУЕП

Во рамки на оваа работна група за учество е пријавен и претседателот на Сојузот на средношколци, Лука Павиќевиќ.

 

На состанокот присуствуваше и Марија Андреева, проектнa офицерка во Програмската канцеларија на Советот на Европа (CoE) која ја поздрави оваа иницијатива и ја понуди поддршката од страна на CoE преку споделување на препораки и експертиза во оваа област.

Институт за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), во изминатиот период интензивно работи на покренување на свеста за важноста на правилна двонасочна комуникација во сите општествени сфери и на сите медиуми вклучително и на дигиталните, каде особено спаѓа и справување, односно можноста за превенција на дискриминирачкиот говор и другите негативни појави во интернет просторот. За таа цел, ИДУЕП ја поднесе оваа иницијатива за обединување на напорите со други заинтересирани релевантни организации во овој домен и креирање на сеопфатна и инклузивна борба и конкретен придонес во борбата со дискриминирачкиот говор и говорот на омраза на социјалните медиуми и генерално во интернет просторот.

Повеќе информации за иницијативата за формирање на Национална платформа и одржаната прва јавна дебата под покровителство на претседателот Стево Пендаровски се достапни ТУКА

 

 

 

Поврзани соддржини

Leave a Comment