Водич за спречување на корупцијата во високото образование

Што е корупција, кои се најчестите ризици за корупција, како се манифестира корупцијата во високото образование, но и како да се бориме против оваа негативна појава – ова се само дел од темите со кои се занимава Водичот за спречување на корупцијата во високото образование кој е изработен во рамки на Проектот за борба против корупција, превенција и пријавување одобрен во рамки на Стејт департментот на САД и Меѓународниот центар „Меридијан“, а како дел од Иницијативата „IVLP Impact Awards“. Автор на овој Водич е Оливера Нечовска, а координатор на Проектот…

ИДУЕП во 2023 година – Зад нас оставаме година на многу соработки и заеднички успеси!

Правејќи ја годишната анализа или сумирање на впечатоците за сѐ што реализираше тимот на ИДУЕП во 2023 година, навистина има многу на што треба да бидеме горди и задоволни од сработеното. Многу соработки, започнати и реализирани иницијативи, проекти, огромен број на нови партнери и сојузници, како и интернационализација на проектните активности на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи. Но, да се обидеме во кратки црти да презентираме што направи ИДУЕП минатата година, секако со огромна ваша поддршка и придонес во текот на целата година!   Изработивме 5 публикации и…

Среќни празници!

Тимот на ИДУЕП посакува исполнување на сите ваши желби на личен и професионален план во Новата 2024 Година! Нека ова биде година во која општеството ќе оди напред, подобро ќе се разбираме едни со други, но и година која ќе биде бериќетна за секоја личност! Со почит, Институт за добро управување и евроатлантски перспективи

Грижата за менталното здравје е приоритет за младите – Глобалната иницијатива „Walk and Talk“ за прв пат воведена во земјава

Над 500 млади луѓе на возраст помеѓу 15 и 25 години во изминатите 3 месеци беа дел од иницијалните „Walk and Talk“ настани кои беа организирани во 16 општини. Главната цел на овој нов иновативен пристап кој за прв пат беше воведен во земјава е подигање на свеста и дестигматизација на темата за ментално здравје помеѓу младите луѓе. На настанот во Скопје, на младите и експертите за ментално здравје, им се приклучија и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, сопругата на Претседателот Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска и заменик претставничката…

Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и #DigiU потишаа заедничка заложба за дигитализација во високото образование

Дел од организациите во име на платформата за дигитализација во високото образование „DigiU“ и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип потпишаа Декларација за заедничка заложба за дигитализација на државните универзитети со примарна цел дополнително подигање на квалитетот на високото образование во земјава. Во заедничката декларација, меѓу другото, се истакнува дека страните ќе се залагаат за: Развој на сеопфатна стратегија за дигитализација за државните универзитети, која ќе вклучува воспоставување дигитална инфраструктура и платформи, како и развој на дигитални вештини на персоналот и студентите; Промовирање на употребата на дигитални алатки во наставата и…

Потребна е соработка меѓу универзитетите за побрзо воведување на дигитални услуги – DigiU и УГД со заеднички заклучоци

Платформата за дигитализација во високото образование „DigiU“ во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ја организираше јавната дебата на тема „Патот кон дигиталната трансформација на УГД Штип“. На дискусијата присуствуваа и претставници на УГД Штип, студенти и млади луѓе, граѓански организации, приватен сектор како и други заинтересирани релевантни чинители. „Наша стратешка цел и цел на организациите зад платформата DigiU се поклопуваат и сфаќаме дека на УГД е направено доволно, но мора да размислуваме и за иднината. Нашата визија е преточена и во еден заеднички документ кој го потпишуваме денес,…

Покана за настан: „Патот кон дигиталната трансформација на Универзитетот ‘Гоце Делчев’ – Штип“

Платформата за дигитализација во високото образование „DigiU“ во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, организира јавна дебата на тема „Патот кон дигиталната трансформација на УГД Штип“. На дискусијата се поканети и ќе присуствуваат претставници на УГД Штип, студенти и млади луѓе, граѓански организации, приватен сектор како и други заинтересирани релевантни чинители. Во таа насока, со особена чест ве покануваме на настанот кој ќе се одржи на 27.12.2023 година, среда, со почеток во 11 часот, во просториите на тренинг центарот на УГД Штип (Правен факултет). Целта е дискусија за наредните…

Раководството на Националниот младински форум на Бугарија во работна посета на Скопје – Споделени позитивни македонски практики во делот на младинските политики

На 20 и 21 декември 2023 година, во организација на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондацијата за слобода „Фридрих Науман“ – регионална канцеларија за Источна и Југоисточна Европа (ИЈИЕ) се одржа тематска работна посета во сферите на презентација на успешни македонски примери во спроведување на младински политики и конкретни иницијативи и соработки кои младински организации и млади ги спроведуваат со институции од земјава. Целта на дводневната посета беше директно запознавање на Националниот младински форум (НМФ) со најдобрите практики во сферата на поддршката за млади и млади,…

Студентските теми е потребно да бидат повеќе застапени во јавниот дискурс – Одржани обуки за јавен настап за претставници на УСС УКИМ

На 21 декември 2023 година во просториите на Студентскиот културен центар во Скопје беа одржани две последователни обуки за јавен настап и комуникација со јавноста наменети за претстедателките и претстедателите на факултетските студентски собранија при УКИМ, претседателот и членовите на Универзитетскотот студентско собрание при УКИМ, како и студентската правобранителка при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Целта на обуките е подигање на нивото на знаења и вештини во делот на односите со јавноста и комуникацијата со медиумите, како и стекнување на вештини за поголемо јавно застапување на теми важни за студентите.…

Конкретни предлози за воведување или подобрување на е-услугите и е-наставата на универзитетите – Заврши Digi Edu хакатонот во организација на ИДУЕП и ФНФ

Со конкретни студентски предлози за брза и одржлива дигитализација во високото образование кои ставаат фокус на е-наставата и е-услугите на универзитетите во земјава бе комплетирани заклучоците од дводневниот „Диги образованиот хакатон“ кој се одржа на 18 и 19.12.2023 година во просториите на „Млади Хаб“ во Скопје, а во рамките на кој студенти претставници на различни универзитетски студентски собранија изнаоѓа конкретни решенија за спроведување на брза и одржлива дигитализација во високото образование. Ментори на целиот процес беа пратеничките Моника Зајкова и Марија Петрушевска, претставници на Клубот за младински прашања и политики…