ИДУЕП дел од консултативниот процес за организацијата на Преспа форум за дијалог

Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) со свое активно учество во консултативниот процес за организацијата на јубилејното 5. издание на Преспа форумот за дијалог (ПФД2023). Заедно со претставници и претставнички од дел од домашниот граѓански сектор и други тинк тенк организации, учествуваше на Панел дискусијата организирана од страна на Министерството за надворешни работи (МНР) со која официјално се најави одржувањето на Форумот на 15 и 16 јуни 2023 година во Струга.

Според планот, се предвидува на 14 јуни да биде одржан и засебен Младински ПФД2023, а со цел младинските претставници и претставнички во следните два дена да ги споделат заклучоците од нивните дискусии на сесиите и панелите .

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи презентираше дека целта е инклузивен консултативен процес и дека ПФД 2023 ќе настојува да го промовира конструктивниот дијалог, добрососедството и соработката во насока на изнаоѓање дипломатски решенија на тековните и идните предизвици на регионален и меѓународен план а меѓу темите ќе се најдат и борбата против корупцијата, хибридните закани, миграциите, странските малигни влијанија, меѓународните рестриктивни мерки како и евроинтеграцијата на Западен Балкан.

На дискусијата беа разменети идеи и мислења во контекст на содржинскиот аспект на новото издание со квалитетен придонес од страна на граѓанското општество со кој ќе се збогатат подготовките за одржување на уште еден успешен ПФД.

Поврзани соддржини

Leave a Comment