Младинските теми се интересни – Обука за градење на двонасочна комуникација и соработка

„Градење на двонасочна комуникација – Информации и податоци за млади, како ги комуницираме?“ е насловот на обуката која се одржа во периодот 16 до 18 февруари во Скопје. Оваа обука беше организирана од страна на Младинскиот сојуз – Крушево, а во рамките на проектот „WB & T for EmploYouth“ кој е финансиран од страна на Европската Унија (ЕУ).

Целта беше зајакнување на соработката на релација граѓански сектор и медиуми со цел актуализација на младинските прашања, особено на предизвиците за вработување на млади, но и корупцијата како важна тема за младите луѓе и главна причина за нивното иселување.

Учеснички и претставнички на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) на обуката беа Ангела Петкова и Каролина Ѓурковска.

Во рамки на „WB & T for EmploYouth“ ИДУЕП го спроведува проектот „Што сакаат младите –Професиите на иднината бараат вештини денес“. Овој проект е субгрантиран од страна на фондацијата „Ана и Владе Дивац“, Младинскиот сојуз Крушево и 3 партнерски организации од регионот.

Поврзани соддржини

Leave a Comment