ИДУЕП и УСС УКИМ јавен настан „Билет во еден правец – Дали институциите преземаат нешто за да го променат ова?“

Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ), Ве покануваат на јавниот настан насловен „Билет во еден правец – Дали институциите преземаат нешто за да го променат ова?“

Датум на одржување: 1.3.2023 година, среда, време: 12 – 14 часот, локација: Студентски дом „Гоце Делчев“, Читална во блок Б (ул. „Московска“ 9, 1000 Скопје).

Целта е презентирање на две конкретни идеи за подобрување на квалитетот на живот на студентите и нивно вклучување во процесите на одлучување: 1) креирање на прва студентска платформа за општествена одговорност поддржана од македонските компании; 2)  презентирање на иницијатива до владините институции и општините за вклучување на студенти во својата работа преку која заеднички ќе влијаат за подобрување на јавните услуги за граѓаните.

Истовремено, настанот ќе има за цел и поттикнување на јавна дебата на која ќе се разговара за причините на студентите и младите луѓе да ја напуштат земјата, односно зошто се повеќе млади изминативе децении се решаваат да купат билет во еден правец. Студентските претставници и претставнички ќе дебатираат и за решенијата кои опфаќаат мотивација на младите да останат и да се вработат во својата држава или да се вратат дома и да го применат стекнатото знаење и искуство од престојот во странство.

Посебен акцент во дебатата ќе биде ставен на улогата која институциите на централно и локално ниво ја имаат, како таа да се промени и прилагоди на младите луѓе, но и дали доволно се прави за квалитетен студентски стандард почнувајќи од условите за престој во студентските домови, мерките за поддршка како студентскиот оброк, дигитализацијата на образованието, достапноста на информации и финансиска поддршка за основање или вклучување во бизниси и стартапи за студентите и слично.

 

Агенда:

 

12:00 – 12:20     Изјави за медиумите:

Славчо Темелковски, претседател на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ)

Бојан Кордалов, комуниколог и координатор на програма во ИДУЕП

 

ДИСКУСИЈА:

12:20 – 13:20     Дебата на тема: „Билет во еден правец – Дали институциите преземаат нешто за да го променат ова?“

Дебатираат:

  • Викторија Постоловска – студентска правобранителка на УКИМ
  • Бленди Ходаи – студент и претседател на Форумот за образовни промени (ФОП)
  • Милена Петковска – претседателка на Факултетското студентско собрание на Факултетот за ликовни уметности
  • Александар Николовски – претседател на Факултетското студентско собрание на Економскиот факултет
  • Славчо Темелковски – претседател на Универзитетското студентско собрание при УКИМ

Модератор: Кирил Панов – студент на Универзитет „Американ Колеџ“ Скопје

 

ЗАКЛУЧОЦИ:

13:20 – 13:30     Заклучоци и препораки од дебатата

Поврзани соддржини

Leave a Comment