Младинско вработување – Потребно е заедничко дејствување помеѓу граѓанскиот сектор и носителите на одлуки

На покана на Младинскиот сојуз – Крушево, а во рамките на проектот „WB & T for EmploYouth“ кој е финансиран од страна на Европската Унија (ЕУ), претставници на ИДУЕП беа дел од Националниот настан за вмрeжување и заедничко дејствување. Изминатите два дена претставнички и претставници на 10 организации разговараа за можностите за вмрежување и заеднички настап во сферата на младинското вработување.

За време на настанот беше одржана и консултативна дебата со дел од носители на одлуки, на која беа презентирани заклучоците од Брифот на политики „Одржливи механизми за учество на младите: Младите надвор од политиките за млади“. На дебатата учествуваа Филип Тосевски, државен секретар во Министерството за надворешни работи, Марко Ѓоргиевски, директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, како и и претставници на Министерство за правда и Државниот завод за статистика.

Во рамки на „WB & T for EmploYouth“ ИДУЕП го спроведува проектот „Што сакаат младите –Професиите на иднината бараат вештини денес“. Овој проект е субгрантиран од страна на фондацијата „Ана и Владе Дивац“, Младинскиот сојуз Крушево и 3 партнерски организации од регионот.

Поврзани соддржини

Leave a Comment