Анализата на ИДУЕП за професиите на иднината ќе биде презентирана на седница на НСЕИ

Денес, 22.2.2023 година, на деветтата седница на Националниот совет за евроинтеграции при Собранието ќе биде презентирана анализата „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат вештини и знаења денес” која ја изготви Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Седницата е закажана со почеток во 12.00 часот, во собраниската сала „Борис Трајковски.

Анализата е изработена во рамки на истоимениот проект кој се имплементира од страна на ИДУЕП, кој е финансиран од страна на Европската Унија, а субгрантиран од страна на фондацијата „Ана и Владе Дивац“, Младинскиот сојуз Крушево и 3 партнерски организации од регионот.

Во рамки на проектот беа организирани два поголеми настани, серија јавни настапи, како и средби со општествени чинители каде заинтересираните страни заеднички ги идентификуваа потребите, барањата и очекувањата на младите луѓе со институциите да градат успешни приказни и инклузивни младински политики, првенствено преку вклучување на секој млад човек во обликувањето на својата иднина. Исто така, една од главните компоненти беше идентификување и на потребите на бизнис заедницата при процесите на вработување и отворање на нови работни места кои ги засегаат и директно таргетираат младите луѓе. Во активностите на проектот се вклучија поголем број на младински организации и индивидуи, стопанските комори, како и јавни институции со надлежност во оваа сфера.

Анализата е достапна ТУКА

Поврзани соддржини

Leave a Comment