За нас

Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) е граѓанска организација формирана во 2009 година која активно работи во сферата подигање на јавната свест во делот на доброто управување и евроатлантската интеграција, односно широка промоција на начелата на транспарентност, одговорност, отчетност, ефикасност и владеење на правото, како и презентирање на придобивките и предностите од процесот на севкупна дигитална трансформација на општеството.

Важен дел од портфолиото на ИДУЕП опфаќаат и младинските активности и проекти. Повеќе информации за работата и поважните активности на ИДУЕП може да погледнете во секциите „Проекти“ и „Новости“ на оваа веб страна.

Претседател на Институт, а воедно и раководител на Програмата за транспарентност, медиуми и дигитализација na ИДУЕП е м-р Бојан Кордалов. Контакт e-mail: contact@iduep.org.mk

 

Тим

Билјана Јаневска

Невена Ангеловска

Марио Паунов

Шевал Зиза

Стефан Атанасовски Трајковиќ

Теа Димковска

Дарко Беровски

Јана Мировска

Сефеда Лазај

Аника Ралева

 

Соработка

Согласно Статутот а заради остварување на наведените цели и задачи ИДУЕП соработува со слични деловни асоцијации, институции и здруженија во земјата и во странство, а со цел остварување на граѓанските интереси соработува и со јавни институции на локално и централно ниво. Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи постојано се стреми кон активно вклучување на професионалци на национално и меѓународно ниво во своето тековно работење.

 

ИДУЕП членува во следниве национани/регионални мрежи:

Мрежа на граѓански организации за Отворено владино партнерство (ОВП)

Мрежа за медиумска писменост

Мрежа на МЗЗПР и BalkanOSH