Проекти

Дел од поважните спроведени проекти и иницијативи:

 

Walk and Talk – Подигање на свеста и дестигматизација на темата за ментално здравје кај младите луѓе

Серија од 16 настани низ целата држава со цел адресирање на важноста на менталното здравје кај младите луѓе. „Walk and Talk“ настаните ставаат фокус на подигнување на свеста и надминување на стигмата поврзана со менталното здравје помеѓу младата популација. Целта е да се охрабрат младите луѓе на возраст помеѓу 15-25 години отворено да разговараат за предизвиците за менталното здравје преку пристап заснован на активности прилагодени за оваа возраст. Настаните ќе бидат организирани како младинска пешачка рута во секоја од 16 општини и Градот Скопје каде би се организирале разновидни дискусии и креативни активности. Како финален производ се предвидува изработка на публикација која ќе се однесува на клучните предизвици и предложените области на интервенција насочени кон справување и дестигматизирање на проблемите со менталното здравје кои ги доживуваат младите луѓе, како и јавно објавување на 16 Walk & Talk рути и предлог за нивно понатамошно користење од страна на младите луѓе и целокупната популација.

Проектот го спроведува ИДУЕП во соработка со Сојузот на извидници, а со поддршка на локалната Канцеларија на UNICEF (во рамки на заедничка програма со USAID) и Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

 

Остави трага

Мултимедијална серија на настани насловена „Дојди и раскажи ја својата приказна – Остави трага“ која ја спроведува ИДУЕП во соработка со Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и со поддршка на проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“., кој има за цел да ги мотивира младите, но и да пренесе пораки на еднаквост и толеранција низ целата земја. Проектот опфаќа мултимедијални настани во 6 града низ целата земја и повик за креативно изразување на млади.

 

Што сакаат младите –Професиите на иднината бараат вештини денес

Проектот „Што сакаат младите –Професиите на иднината бараат вештини денес“ се имплементира од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи. Овој проект е субгрантиран од страна на фондацијата „Ана и Владе Дивац“, Младинскиот сојуз Крушево и 3 партнерски организации од регионот, а финансиран од Европската Унија. Целта на Проектот е да изнаоѓање начини со кои ќе се мотивираат младите да останат во земјава, да најдат работа по мерка или да отворат свои компании и да создадат нови типови на работни места кои се адаптирани на дигиталното време. Во фокус се ставаат професиите на иднината, што бараат младите од една, а што очекуваат бизнисите од друга страна со цел да се направи синергија и долго посакуваната поврзаност на двете страни на пазарот на трудот. Во втората фаза е предвидено да се вклучат и креаторите на политики на централно и локално ниво, како и да се извлечат препораки кои ќе бидат доставени до општествено-политичките чинители, бизнис заедницата и младински организации.

 

ЕУ БЗР за европска интеграција – Подигање на јавна свест

Во соработка со Македонското здружение на заштита при работа (МЗЗПР) и BALkanOSH.net во 2018 година ИДУЕП работеше на проект за подигнување на јавната свест, зајакнување на капацитетите и подобрување на условите за работа преку вклучување на медиумите во процесот на креирање на политики за заштита при работа и подобрување на соработката помеѓу граѓанскиот сектор и медиумите во насока на сензибилизирање на темата за БЗР и поттикнување на медиумите да го искажат својот интерес и ангажман во однос на известувањето на оваа тема.

 

Заедно за чист воздух – Промената почнува со секој од нас

Во текот на 2019 година во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање, ИДУЕП спроведе 6месечен проект во насока на подигање на јавната свест кај граѓаните за потребата од замена на нееколошките начини за загревање на домаќинствата во зимскиот период со еколошки, преку обезбедување на сеопфатни информации на граѓаните и вклученост во процесите на донесување одлуки.

 

Еднаков пристап за ефективна правда

Во соработка со здружението ФЛОРОЗОН-Центар за еколошка демократија, ИДУЕП работеше на проект за подигнување на јавната свест за ефективен пристап до правдата кога се работи за загрозување на нивното здравје и животот и информирање дека имаат право на здрава и чиста животна средина. За таа цел се изработија и објавија 5 истражувачки стории во врска со судски одлуки и расположливи податоци од проектни активности.

 

Посебен акцент во дејствувањето на Институтот зазема процесот на дигитализација, за чие унапредување во 2017 година е формирана посебна Програма за транспарентност и дигитализација. Дел од поважнитете активности во рамки на Програмата за транспарентност, медиуми и дигитализација на ИДУЕП опфаќаат:

 

1. Иницијатива „Дигитални предизвици за општествена трансформација“

Во рамки на оваа иницијатива ИДУЕП одржува јавни настани и дебати на тема дигитализација, а со вклучување на јавни институции и нивни претставници, како и независни експерти кои имаат широки познавања и апликативност од оваа област.  Целта на овие јавни настани е согледување на моменталната состојба и предизвиците со кои земјата се соочува во процесот на дигитализација како и истакнување на потребата од брзата и ефикасна дигитална трансформација на сите општествени сфери вклучувајќи го јавниот сектор, бизнис заедницата, локалното учество во креирањето на политики, граѓанскиот сектор, меѓународните односи и слично.

Досега во рамки на оваа проектна активност поддршка дадоа Министерството за информатичко општество и администрација и Фондот за иновации и технолошки развој, Факултетот за информатички технологии, како и повеќе граѓански организации и компании.

 

2. Иницијатива „Дигитализација за позитивни промени“

На првата активност во рамки на иницијативата „Дигитализација за позитивни промени“ од страна на ИДУЕП беше организирана неформална заедничка средба на која учествуваа потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и координатор на Програмата за транспарентност и дигитализација на ИДУЕП. Целта на оваа неформална средба беше согледување на предизвиците пред кои како општество сме исправени во процесот на дигитализација, како и истакнување на потребата од брзата и ефикасна дигитална трансформација на сите сфери. Главната порака која се испрати беше тоа дека дигитализацијата е приоритет на сите општествени и политички чинители во државата во однос на сериозниот предизвик за справувањето со кризата од Ковид-19 како и изнаоѓање соодветна стратегија за организирање на образовниот процес.

Целта е во иднина да се организираат вакви слични средби или настани со вклучување на повеќе заинтересирани страни кои може заеднички да придонесат кон доближување на дигитализацијата кон остварување на потребите и правата од страна на секој граѓанин.

 

3. Дигитални реформи за современо високо образование – младински перспективи

Овој проект е финансиран од страна на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), а во рамки на АЛПИ програмата за напредно политичко лидерство. За таа цел ИДУЕП изработува анализа за дигитализација на услугите во македонското високо образование, изработка на завршна студија со заклучоци и препораки, како и јавна презентација и промоција на резултатите во делот на дигитализација на високо образование.

 

4. Дигитална транспарентност и двонасочна комуникација на јавните функционери и институции

Континуирано спроведување на анализи и промоција на резултатите од истражувањата за начинот и бројот на претставниците на локалната, законодавната и централната власт кои користат социјални медиуми и други дигитални алатки во своето работење. Целта е подобрување на двонасочната комуникација, трансформација на јавниот сектор и подобрување на отчетноста и транспарентноста на јавните институции и функционери во процесот на практикувања на власта, како и поставување на принципите на доброто управување како фундамент во нивната работа.

 

Други тековни иницијативи и проекти

Доставена серија на иницијативи за граѓанска и натпартиска платформа за дигитализација до сите политички чинители во земјата со цел да се истакне важноста и потребата од брза дигитализација на сите јавни сфери. Барање до политичките чинители во рамките на своите платформи, програми и заложби, како еден од приоритетните акценти да ја стават дигитализацијата и нејзиниот позитивен импакт врз граѓаните;

 

5. Поддршка на општините во процесот на транспарентност, дигитализација и двонасочна комуникација со граѓаните

Потпишани меморандуми за соработка во оваа сфера со 7 општини: Карпош, Валандово, Гази Баба, Могила, Крушево, Струмица и Крива Паланка во насока и поддршка на препознавање на потребата од добро управување, предностите од дигитализацијата, транспарентноста, двонасочната комуникација како предуслов за подобрување на јавните услуги за граѓаните.

 

6. Иницијатива за водење на инклузивна и аргументирана дебата на тема дигитализација на образованието

Како основа за воспоставување на добра комуникација во процесот на дигитализација на образованието, ИДУЕП изработи Декларација како основа за водење на дебата за осовременување на образованието во која ги сумираше ставовите од различните субјекти на кои изгледа дека се согласуваат учесниците во досегашната јавна дебата. Сметаме дека прифаќањето на овој или друг сличен документ и негово ставање во средиште на дискусијата може да се дојде до продуктивна расправа која ќе изнедри евентуално долгорочно решение за стратешко осовременување на образованието.

 

Голем фокус во работата на ИДУЕП е ставена на поддршката на младите и младинскиот активизам и волонтерство во општеството. За постигнување на оваа цел, Институтот спроведува посебна програма за младинско волонтирањде, а младите луѓе се дел од сите проектни активности и други иницијативи кои ги спроведуваме.

 

7. Поддршка на инсклузивност на изборните процеси

Во рамки на оваа активност, ИДУЕП организираше и спроведе обука за обучувачи (ТоТ) за избори и изборни права, наменета за над 20 претставнички и претставници на граѓанскиот сектор, односно организации кои примарно ја фокусираат својата дејност на младите и лицата со попреченост. Во тек е организирањето на follow-up активности кои вклучуваат настани иницирани и спроведени од страна на учесничките и учесниците на ТоТ обуката и нивните организации. Оваа активност е финансирана од страна на Мисијата на ОБСЕ, а во рамките на проддршката која Мисијата ја обезбедува за потребите на Државната изборна комисија (ДИК).

 

8. Иницијатива „Лидер(ка) на училиште, лидер(ка) во иднината“ во соработка со Сојузот на средношколци

Заедничката иницијатива на Сојузот на средношколци (ССРСМ) и Институтот за добро управување и ЕА перспективи (ИДУЕП) насловена „Лидер(ка) на училиште, лидер(ка) во иднината“ има за цел да вклучи широк фронт на индивидуи и организации со цел дебата и заедничко изнаоѓање на најдобриот модел за реформа и подобрување на моменталниот начин на средношколско организирање во училиштата, како и на национално ниво. Во рамки на оваа иницијатива е организирана онлајн кампања и дебата за подигање на свеста и препознавање на потребата од средношколско организирање. Оваа иницијатива беше препознаена од страна на општествено политичките чинители и добива поширока поддршка во македонскотоо општество.

 

9. Иницијатива „Младите во фокусот“ во соработка со собранискиот Клуб за младински политики

Заедничката иницијатива „Младите во фокусот“ која се спроведува во соработка помеѓу собранискиот Клуб за младински прашања и политики и политики и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) има за цел зајакнување на соработката помеѓу Собранието и единиците на локалната самоуправа, со вклученост и на граѓанскиот сектор, а првенствено во интерес на подобрување на положбата на младите луѓе во општеството, како и процесот на дигитална трансформација кој е од интерес на сите граѓани.

 

10. Иницијатива за инклузивна младинска дебата на тема „Каков изборен модел ни треба за посилна демократија?“

На инклузивен начин и преку демократска комуникација да се разговара и дебатира на важни општествени теми, предизвици, но пред сѐ изнаоѓање на решенија креирани низ перспективата на младите. Оваа иницијатива е дел од напорите на ИДУЕП да ја истакне потребата од јавна аргументирана дебата за важни општествени теми во која главниот збор ќе го имаат младите луѓе како сегашни и идни креатори на политики.