Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од страна на Проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ распишува:
Отворен повик за креативно изразување на тема:
„МЛАДИ ПРОТИВ ОМРАЗАТА“
Кој има право на учество: млади лица на возраст помеѓу 15 и 35 години
Со што може да учествувате: фотографија/и, видео/а, цртеж/и, поезија, проза, слики, краткометражни аматерски филмови, рилс и други материјали наменети за социјални медиуми кои во иднина би се публикувале, илустрации, предлог написи кои би биле медиумски публикувани во иднина, предлог текст за ставови и колумни, други дизајни и креативни содржини…
Каде треба да го испратите материјалот: contact@iduep.org.mk и истовремено на coiduep@gmail.com
Краен рок за испраќање на материјалот: 30.11.2023 година. Ве молиме, покрај материјалот за учество, во истиот email задолжително наведете Ваше точно име и презиме, општина и телефон за контакт
Избор и селекција:
Материјалите ќе ги селектира комисија составена од претставнички и претставници од МТСП, Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје и ИДУЕП.
Најдобро рангираните 5 креативни материјали ќе бидат соодветно наградени со можност за учество на курсеви по графички дизајн, ИКТ вештини (IT) и човечки ресурси.
Сите добиени дела ќе бидат презентирани на завршен настан, каде ќе се прогласат и победниците и победничките.
За сите дополнителни информации, Ве молиме пишете на e-mail: contact@iduep.org.mk и coiduep@gmail.com
Напомена:
- Со испраќање на материјалот се дава согласност за негово објавување на дигиталните и други платформи на МТСП, Европската Унија, Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје и ИДУЕП.
- Финансиска поддршка за спроведување е обезбедена од страна на Проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.