Претставник на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), Бојан Кордалов, беше во работна посета на Копенхаген, Данска на 16 и 17.5.2023 година. Целта на посетата беше размена на искуства и стекнување на нови знаења и вештини во делот на дигитализацијата на различни нивоа и сфери на општествено дејствување, како и средби и вмрежување со нови потенцијални институции, организации и поединци. Во рамки на активностите, меѓу другото, беа остварени средби со претставници и претставнички на новоформираното Министерство за дигитално управување и родова еднаквост, Данске банк, Светската здравствена органозација (СЗО),…
Category: ТОП ВЕСТ
Одржана обука за обучувачи за избори и изборни права со фокус на организации за права на жените и помалите заедници
Во периодот од 9 до 11 мај 2023 година во Скопје беше одржана тридневна обука за обучувачи за избори и изборни права, наменета за над 12 претставнички и претставници на граѓанскиот сектор, односно организации кои примарно ја фокусираат својата дејност на родовата еднаквост и поддршка за немнозинските заедници. Земајќи предвид дека во демократијата е важно сите да можат да го остварат своето право на глас, Мисијата на ОБСЕ ја поддржа Државната изборна комисија (ДИК) во напорите за зголемување на капацитетите за обука на граѓанските организации кои работат во областа на…
Одржан #DigiU форум на тема „Дигитализација на државните универзитети“
#DigiU организираше форум на тема „Дигитализација на државните универзитети“ – Настанот беше во организација на Форумот за образовни промени (ФОП), Асоцијацијата за младинско зајакнување (YEA) и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во рамки на иницијативата за дигитални услуги во високото образование (DigiU). Панелисти беа МИОА Азир Алиу, ЗМОН Агим Нухиу, Дејан Мираковски, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“, Христина Спасевска, проректорка за настава при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Куштрим Ахмети, ректор на Тетовскиот Универзитет, како и Славчо Темелковски, претседател на УСС УКИМ, Сара Денковска, претседателка на УСС…
#DigiU организира форум на тема „Дигитализација на државните универзитети во Република Северна Македонија“
Форумот за образовни промени (ФОП), Асоцијацијата за младинско зајакнување (YEA) и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во рамки на иницијативата за дигитални услуги во високото образование (DigiU) организираат Форум на тема „Дигитализација на државните универзитети во Република Северна Македонија“. Настанот ќе се одржи на 27.4.2023 година со почеток во 10 часот. Во прилог агендата на настанот: 09:45-10:05 | Пристигнување на учесниците и заеднички изјави за медиуми 10:05-10:10 | Воведно обраќање и отворање на #DigiU Форум од страна на Бленди Ходаи (ФОП) 10:10-11:30 | Панел 1: Заинтересирани страни…
Младите и дигитализацијата во фокусот на работните средби во општините Чаир и Центар
Дел од пратеничките и пратениците од Клубот за младински прашања и политики при Собранието, заедно со претставници на Вестминстер фондацијата за демократија и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) беа во посета на општините Чаир и Центар. Пратениците Моника Зајкова, Дарко Каевски, Марија Петрушевска и Мухамед Кадриов на средбите со градоначалниците Висар Ганиу и Горан Герасимовски се информира за спроведувањето на младинските политики на локално ниво, разговараа за успесите и предизвиците во локалното спроведување на младинските политики, а особено внимание беше посветено на можностите за остварување на заедничка…
Општествените чинители ја препознаваат потребата од аргументирана дебата за дигитализација на образованието
Воведувањето на дигитални алатки во образованието и понатаму останува многу сериозна тема во македонското општество, која одлучува за иднината на денешните генерации ученици и студенти, но и за перспективите на целата земја. Од овие причини, како врвен приоритет мора да остане инклузивната и демократска, односно дебатата базирана на различни аргументи, мислења и ставови помеѓу сите образовни и воопшто општествено-политички чинители. Независно дали и каква одлука финално ќе биде донесена за осовременувањето на образованието, дигитализацијата е процес кој треба да биде долгорочен, да обединува, а секоја одлука за осовременување на воспитно-образовниот…