Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од страна на Проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ распишува: Отворен повик за креативно изразување на тема: „МЛАДИ ПРОТИВ ОМРАЗАТА“ Кој има право на учество: млади лица на возраст помеѓу 15 и 35 години Со што може да учествувате: фотографија/и, видео/а, цртеж/и, поезија, проза, слики, краткометражни аматерски филмови, рилс и други…
Month: September 2023
Одржани консултативни средби со млади во рамки на иницијативата „Walk & Talk“ – Подигање на свеста за менталното здравје
Во текот на изминатите две недели, во просториите на Сојузот на извидниците во Скопје и Струга, се одржаа две консултативни средби со млади на возраст до 25 години, чија цел беше да дознаеме „што е она кое функционира“ во однос на менталното здравје кај младите, дали овој аспект е важен за нив и колку тие се подготвени да ја надминат стигмата поврзана со менталното здравје воопшто. Настаните беа одржани во хибриден формат, односно со физичко, како и онлајн присуство со цел можност за вклучување на млади луѓе од сите региони…
Претставници на DigiU остварија работен состанок со ректорот на УГД Штип
Претставници на иницијативата „#DigiU“ беа во работна посета на Штип каде се сретнаа со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Дејан Мираковски и со проректорот за настава и студенти, проф. д-р Мишко Џидров. Тема на состаноците беше процесот на дигитална трансформација во високото образование и начините за негово унапредување. Посебен акцент беше ставен на позитивните практики кои овој Универзитет ги покажува во сферата на дигитализацијата на студентските услуги и е-учењето. За таа цел, во наредниот период се планира организирање на заеднички настани со цел промоција на конкретни позитивни дигитални…
Кордалов во Тема на денот: Ако искрено и отворено комуницираме на тема ЕУ, може да очекуваме носење на зрели одлуки за иднината на земјата
Според мене клучно или најважно е кога зборуваме на тема ЕУ особено од страна на македонските институции, да потенцираме дека реформите во здравството, образованието, екологијата итн. ги правиме заради нас дома, во Македонија, а не првенствено заради членството во Европската Унија. Бидејќи нас очајно ни треба здравство кое нема да биде обременето со скандали како овој последниот, а не заради Париз. Ние секојдневно мака мачиме со јавниот превоз и со немањето доволно линии и превозни средства. Не е метрото проблем на Виена или Стокхолм, истакна на гостувањето во „Тема на…
Потребни ни се активни млади кои ќе учествуваат во градењето на еднакво и успешно општество за секого – Караванот „Остави трага“ во Гостивар
Паркот кај општинската зграда во Гостивар беше главното собиралиште каде се случи спојот меѓу уметноста, дебатата и музиката вткаен во рамките на мултимедијалниот караван „Остави трага“. Ова беше шестиот од низата на јавни настани за подигање на јавната свест помеѓу младите луѓе, кој на едно место ги обедини преставничките и претставниците на локалната и централната власт, меѓународните претставници, како и граѓанскиот и бизнис секторот, но и многу млади луѓе кои со практичен и личен пример ги повикаа своите врсници и младите генерации да бидат поактивни и повеќе вклучени со свои…
Караванот „Остави трага“ денес во Гостивар
Караванот „Остави трага“, кој има за цел да поттикне младинска активација, но и да пренесе пораки на еднаквост и толеранција низ целата земја, продолжува со шестиот од серијата на настани за подигање на јавната свест, кој ќе се одржи во Гостивар на 6.9.2023 година со почеток во 18:30 часот во паркот до општинската зграда во Гостивар. Во рамки на настанот ќе се реализира и панел дискусија под името „Еднаква, своја, успешна“ на која учество ќе земат: Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика Каја Шукова, министерка за животна средина…