„МЛАДИ ПРОТИВ ОМРАЗАТА“ – Отворен повик за креативно изразување

Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од страна на Проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ распишува:   Отворен повик за креативно изразување на тема: „МЛАДИ ПРОТИВ ОМРАЗАТА“   Кој има право на учество: млади лица на возраст помеѓу 15 и 35 години Со што може да учествувате: фотографија/и, видео/а, цртеж/и, поезија, проза, слики, краткометражни аматерски филмови, рилс и други…

Одржани консултативни средби со млади во рамки на иницијативата „Walk & Talk“ – Подигање на свеста за менталното здравје

Во текот на изминатите две недели, во просториите на Сојузот на извидниците во Скопје и Струга, се одржаа две консултативни средби со млади на возраст до 25 години, чија цел беше да дознаеме „што е она кое функционира“ во однос на менталното здравје кај младите, дали овој аспект е важен за нив и колку тие се подготвени да ја надминат стигмата поврзана со менталното здравје воопшто. Настаните беа одржани во хибриден формат, односно со физичко, како и онлајн присуство со цел можност за вклучување на млади луѓе од сите региони…