Публикација: „Сајбер брана“ – Прирачник за дигитална писменост и безбедност

Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), во соработка со најголемата македонска младинска платформа Студентарија.мк, го објави прирачникот „Сајбер брана“, наменет за младите и за сите кои сакаат побезбедно, покритичко и поодговорно да се движат низ дигиталниот свет. Преку практични совети, примери и лесно применливи алатки, прирачникот обработува повеќе важни теми: како да препознаеме дезинформации и манипулативни содржини; како практично да проверуваме информации, фотографии и извори; кои се најчестите интернет измами и како да ги избегнеме; како да ги заштитиме личните податоци, профилите и дигиталниот идентитет; кои паметни дигитални…