ИДУЕП учествуваше на ФНФ Академијата за жени лидери од Балканот

Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), во периодот од 28 ноември до 30 ноември 2025 година, учествуваше на Академијата за жени лидери на Балканот, организирана од Фондацијата „Фридрих Науман“. Претставничка на ИДУЕП на академијата која се одржа во Софија, Бугарија, беше Теодора Ставрова. Академијата имаше за цел млади и просперитетни жени, меѓусебно да си ги раскажат своите успешни приказни и да се соочат со своите стравови. Три успешни млади менторки овозможија одлична организација, преку презентации и заеднички тим игри да допрат до учесниците и да ги натераат да…