#DigiU – Анализа на состојбата со дигитализацијата на државните универзитети

Анализата на состојбата со дигитализацијата на државните универзитети е изработена од страна на Форумот за образовни промени (ФОП), Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Асоцијација за младинско зајакнување (YEA) во рамки на иницијативата DigiU, покрената од трите организации, а во која се вклучени и студентските организации, како и претставничките и претставниците на универзитетите и дел од надлежните институции. Оваа публикација е поддржана од страна на European Endowment for Democracy (EED).

Анализата има за цел да обезбеди увид во факторите што го попречуваат успехот на дигиталната трансформација во образованието и да предложи начини за нејзино подобрување. Преку сеопфатно истражување на моменталната состојба, ги нагласува предизвиците и можностите со кои се соочуваат државните универзитети додека прават обиди со цел да ја интегрираат технологијата во своите процеси на настава, учење и високообразовни услуги.

Публикацијата е издадена на македонски и албански јазик во текот на месец април 2023 година.

Анализа на состојбата со дигитализација на државните универзитети DiGIU (.pdf)

 

 

 

 

 

 

Analizë e gjendes me digjitalizimin në universitetet shtetërore (.pdf)

Поврзани соддржини

Leave a Comment