#DigiU – Анализа на состојбата со дигитализацијата на државните универзитети

Анализата на состојбата со дигитализацијата на државните универзитети е изработена од страна на Форумот за образовни промени (ФОП), Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Асоцијација за младинско зајакнување (YEA) во рамки на иницијативата DigiU, покрената од трите организации, а во која се вклучени и студентските организации, како и претставничките и претставниците на универзитетите и дел од надлежните институции. Оваа публикација е поддржана од страна на European Endowment for Democracy (EED). Анализата има за цел да обезбеди увид во факторите што го попречуваат успехот на дигиталната трансформација во…

Анализа „Дигитална трансформација во високото образование – младински перспективи“

Анализата за дигитализација на услугите во високот образование е изработена од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во рамки на Проектот „Дигитални реформи за современо високо образование – младински перспективи“. Овој Проект е инициран како дел од Институтот за напредно политичко лидерство (АЛПИ) поддржан од страна на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Иницијативата е покрената и спроведена од членовите на првата генерација на АЛПИ – ИРИ: Арта Ќерими, Хилал Беќири, Бојан Никовски, Александар Трајановски, Наум Локоски и Евгенија Јанакиеска. Публикацијата е издадена на македонски и албански јазик…

#DigiU организира форум на тема „Дигитализација на државните универзитети во Република Северна Македонија“

Форумот за образовни промени (ФОП), Асоцијацијата за младинско зајакнување (YEA) и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во рамки на иницијативата за дигитални услуги во високото образование (DigiU) организираат Форум на тема „Дигитализација на државните универзитети во Република Северна Македонија“. Настанот ќе се одржи на 27.4.2023 година со почеток во 10 часот. Во прилог агендата на настанот: 09:45-10:05 | Пристигнување на учесниците и заеднички изјави за медиуми 10:05-10:10 | Воведно обраќање и отворање на #DigiU Форум од страна на Бленди Ходаи (ФОП) 10:10-11:30 | Панел 1: Заинтересирани страни…

Младите и дигитализацијата во фокусот на работните средби во општините Чаир и Центар

Дел од пратеничките и пратениците од Клубот за младински прашања и политики при Собранието, заедно со претставници на Вестминстер фондацијата за демократија и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) беа во посета на општините Чаир и Центар. Пратениците Моника Зајкова, Дарко Каевски, Марија Петрушевска и Мухамед Кадриов на средбите со градоначалниците Висар Ганиу и Горан Герасимовски се информира за спроведувањето на младинските политики на локално ниво, разговараа за успесите и предизвиците во локалното спроведување на младинските политики, а особено внимание беше посветено на можностите за остварување на заедничка…

Прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини“ промовиран во Општина Центар

Прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини – Како практично да се премости јазот помеѓу очекувањата на граѓаните и достапните јавни услуги?“ е промовиран во Општина Центар. Копија од Прирачникот беше предадена на градоначалникот Горан Герасимовски од страна на коавторите Тоше Зафиров и Бојан Кордалов. Исто така, печатени примероци на македонски и албански јазик беа поделени во архивата и библиотеката на Општината, а за потребите на вработените во надлежните сектори. Прирачникот за дигитална трансформација се фокусира кон иновативната и практична улога што дигитализацијата и дигиталната трансформација ја имаат во процесот на комуникација…

Промоција на прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини“ во Чаир

Прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини – Како практично да се премости јазот помеѓу очекувањата на граѓаните и достапните јавни услуги?“ беше промовиран во Општина Чаир. Копија од Прирачникот беше предадена на градоначалникот Висар Ганиу од страна на коавторот Бојан Кордалов. Овој Прирачник се фокусира кон иновативната и практична улога што дигитализацијата и дигиталната трансформација ја имаат во процесот на комуникација и овозможување ефикасни дигитални услуги на јавната администрација на локално ниво. Дадени се принципи, но и конкретни примери на дигитални платформи што едноставно може да се применат во општините во…

Преговорите за членство во ЕУ ќе бидат успешни само со вклучување на сите во процесот и со водење на инклузивна комуникација – Одржан јавниот настан „Македонскиот евроинтеграциски пат – Градење на партнерства и преземање на позитивните искуства“

Домашните, како и експертите со седиште во ЕУ, но со потекло од регионот сакаат и има што да понудат како директна поддршка на македонскиот евроинтеграциски пат, а целиот процес треба искрено да се комуницира со цел сите да се чувствуваат вклучени од самиот почеток – ова се заклучоците од јавниот настан насловен „Македонскиот евроинтеграциски пат – Градење на партнерства и преземање на позитивните искуства“. Настанот, кој денеска се одржа во „American corner“ имаше за цел и дебата со млади луѓе, а беше во организација на Институтот за добро управување и…

Покана за јавен настан „Македонскиот евроинтеграциски пат – Градење на партнерства и преземање на позитивните искуства“

Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со YES Alumni – Програма поддржана од Стејт Департментот на САД, Ве покануваат на јавниот настан насловен „Македонскиот евроинтеграциски пат – Градење на партнерства и преземање на позитивните искуства“. Датум на одржување: 3.4.2023 година, понеделник, со почеток во 12:30 часот, локација: American Corner во Скопје, Економски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (бул. „Гоце Делчев“ бр. 9В; 1000 Скопје). Говорници на настанот се Александар Ивановски, директор во CFE Tax Advisers Europe (Европска Асоцијација на даночни советници), Бојан Кордалов, комуниколог…