Подготовка на годишна Анализа на ИДУЕП за користењето на социјалните медиуми од страна на јавните функционери

Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) ја изготви редовната годишна Анализа за користењето на социјалните медиуми од страна на јавните функционери и јавните институции кои тие ги раководат.

За потребите на Институтот анализата ја изработи м-р Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми и координатор на Програмата за транспарентност, медиуми и дигитализација. Втора година по ред во нејзината изработка ИДУЕП активно вклучува и студенти од отсекот „Односи со јавност“ при Правниот факултет во Скопје. Целта на оваа заедничка активност е стекнување на практични вештини и имплементирање на академското искуство кое студентите го имаат во рамките на Програмата за транспарентност, медиуми и дигитализација на ИДУЕП.

Во изработката на редовната годишна Анализа за 2020 година беа вклучени Дијана Дукадиноска, Симона Паскоска, Ивана Антевска, Мирјана Блажеска и Јелена Крстевска – студенти од втора година на отсекот „Односи со јавност“ при Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.

Заедно со студентите беше одржана и координативна средба пред финализацијата на Анализата и презентацијата на добиените резултати пред медиумите и целокупната јавност.

Поврзани соддржини

Leave a Comment