Подготовка на годишна Анализа на ИДУЕП за користењето на социјалните медиуми од страна на јавните функционери

Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) ја изготви редовната годишна Анализа за користењето на социјалните медиуми од страна на јавните функционери и јавните институции кои тие ги раководат. За потребите на Институтот анализата ја изработи м-р Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми и координатор на Програмата за транспарентност, медиуми и дигитализација. Втора година по ред во нејзината изработка ИДУЕП активно вклучува и студенти од отсекот „Односи со јавност“ при Правниот факултет во Скопје. Целта на оваа заедничка активност е стекнување на практични вештини и…

Улогата на комуникацијата и видливоста во градењето на брендови – Одржана средба со експерти во организација на „Арно“

Одржана средбата со експерти во рамките на проектот RISE – Regional Incubator for Social Entrepreneurs од страна на организацијата за социјални иновации „Арно“. Тимовите од програмата „RISE“ имаа можност да слушнат знаења и искуства од искусни експерти во рамките на темата „Важноста на комуникацијата и видливоста во градењето на брендовите“. Експерти во рамките на оваа средба и обука беа: м-р Бојан Кордалов – специјалист за односи со јавност и нови медиуми, како и координатор на Програмата за транспарентност, медиуми и дигитализација на ИДУЕП. Тој даде вовед во концептите на комуникации,…