Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) ја изготви редовната годишна Анализа за користењето на социјалните медиуми од страна на јавните функционери и јавните институции кои тие ги раководат. За потребите на Институтот анализата ја изработи м-р Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми и координатор на Програмата за транспарентност, медиуми и дигитализација. Втора година по ред во нејзината изработка ИДУЕП активно вклучува и студенти од отсекот „Односи со јавност“ при Правниот факултет во Скопје. Целта на оваа заедничка активност е стекнување на практични вештини и…