Подготовка на годишна Анализа на ИДУЕП за користењето на социјалните медиуми од страна на јавните функционери

Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) ја изготви редовната годишна Анализа за користењето на социјалните медиуми од страна на јавните функционери и јавните институции кои тие ги раководат. За потребите на Институтот анализата ја изработи м-р Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми и координатор на Програмата за транспарентност, медиуми и дигитализација. Втора година по ред во нејзината изработка ИДУЕП активно вклучува и студенти од отсекот „Односи со јавност“ при Правниот факултет во Скопје. Целта на оваа заедничка активност е стекнување на практични вештини и…

Улогата на комуникацијата и видливоста во градењето на брендови – Одржана средба со експерти во организација на „Арно“

Одржана средбата со експерти во рамките на проектот RISE – Regional Incubator for Social Entrepreneurs од страна на организацијата за социјални иновации „Арно“. Тимовите од програмата „RISE“ имаа можност да слушнат знаења и искуства од искусни експерти во рамките на темата „Важноста на комуникацијата и видливоста во градењето на брендовите“. Експерти во рамките на оваа средба и обука беа: м-р Бојан Кордалов – специјалист за односи со јавност и нови медиуми, како и координатор на Програмата за транспарентност, медиуми и дигитализација на ИДУЕП. Тој даде вовед во концептите на комуникации,…

Одржана обука за општина Валандово како основа за пишување на комуникациска стратегија

Тимот на ИДУЕП одржа еднодневна обука за двонасочна комуникација , транспарентност и дигитализација на локално ниво за дел од вработените во општина Валандово. На овој начин започна процесот на подготовка на комуникациска стратегија за потребите на Општината. Стратегијата ќе се стреми кон дополнително зголемување на транспарентноста и отчетноста, како и поголемо вклучување на граѓаните во процесите на одлучување на локално ниво. Оваа активност произлегува од минатогодишниот Меморандум за соработка склучен помеѓу Инстутутот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и општина Валандово. Целта на Меморандумот е поддршка на зголемена транспарентност,…

Државниот завод за ревизија доби обука за дигитализација и односи со јавност

„Стратегиско моделирање на односите со јавноста и дигитализација во јавниот сектор“ е насловот на обуката која беше реализирана од страна на Јасна Бачовска Недиќ, редовна професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и специјалистот за односи со јавност и нови медиуми и координатор на Програмата за транспарентност, медиуми и дигитализација на ИДУЕП, Бојан Кордалов. Обуката беше наменета за потребите на дел од вработените во Државниот завод за ревизија. Во сферата на стратегиското моделирање на односите со јавноста, ревизорите од ДЗР имаа можност да се информираат за системот на односи со јавност…

Дигитализацијата носи позитивни промени

Ова е заклучокот на првата неформална заедничка средба која денеска (24.8.2020 година) се одржа на иницијатива на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП). На средбата учествуваа потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и координатор на Програмата за транспарентност и дигитализација на ИДУЕП. Дигитализацијата конечно стигна многу високо и на политичката агенда и во приоритетите на сите политички партии, истакна потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, кој додаде дека дигиталната трансформација е голем предизвик во справувањето со…

Постои голема потреба од иновации преку дигитализација

Постои голема потреба од иновации преку дигитализација во јавниот, како и во приватниот сектор, приватниот сектор беше и останува сериозен двигател во овој сегмент, а Владата веќе прави конкретни чекори и напори за воведување на дигитализација во јавниот сектор – ова се само дел од заклучоците од вториот јавен настан од серијалот „Дигитални предизвици за општествена трансформација“ во организација на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП), а во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). Директорот на Фонд за иновации и технолошки развој, посочи дека дигитализацијата…

Речиси секој наставник користи дигитални алатки во наставата, покажа најново истражување во рамки на проект за дигитализација на образованието

237 од вкупно 250 анкетирани наставници во основните училишта или 95% се изјасниле дека користат дигитални алатки за време на наставата. 13 наставници посочиле дека ваквите онлајн содржини и помагала воопшто не ги користат за време на спроведувањето на воспитно-образовниот процес. Ова се само дел од податоците кои ги покажа истражување спроведено во периодот 6-30 мај 2020 година помеѓу наставниот кадар во основните училишта на територија на општините Валандово и Карпош. Ова истражување беше спроведено од страна на специјалистот за односи со јавност, Бојан Кордалов, а во рамките на Проектот…

Дигитализацијата игра важна улога во борбата со лажните вести

На ден 7.9.2020 година, во Клубот на пратениците во Скопје се одржа првиот јавен настан насловен „Дигитални предизвици за општествена трансформација“. На настанот свои излагања имаа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, проф. д-р Соња Филипоска, редовен професор на ФИНКИ и Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми и координатор на Програмата за транспарентност,  медиуми и дигитализација на ИДУЕП. Министерот Манчевски се осврна на трите клучни работи во однос на дигитализацијата кои се во тек, како и на плановите во таа насока во иднина. „Ние…

Поддршка за општина Битола за поголема транспарентност, отчетност и дигитализација

Градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска оствари средба со претседателот на Институтот за добро управување и евроатлански перспективи (ИДУЕП), Бојан Кордалов.  На средбата Кордалов посочи дека е потребна поголема поддршка до локалните самоуправи во наведените процеси, со цел граѓаните да добијат повидливи услуги во насока на олеснување на секојдевното живеење. Институтот предлага да се потпише Меморандум за соработка со Општина Битола, со кој се става во функција натамошната взаемна соработка на повеќе полиња. Градоначалничката посочи дека секоја соработка е добредојдена, особено онаа која ја вклучува транспарентноста, отчетноста, но и дигитализацијата,…

Коронавирусот дополнително ја покажа неопходноста од дигитализација на општеството

Институтот за добро управување и евро-атлнтски перспективи (ИДУЕП) на ден 23.6.2020 година до државниот врв и политичките партии испрати допис со цел создавање на граѓанска и натпартиска платформа за дигитализација. Дописот го објавуваме интегрално во продолжение: Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) на 6.3.2020 година поднесе иницијатива за граѓанска и натпартиска платформа за дигитализација до политичките чинители и државниот врв која има цел да ја истакне важноста и потребата од брза дигитализација на сите јавни сфери. Целта е политичките чинители во пресрет на изборите, а во рамките на своите…