Одржана средбата со експерти во рамките на проектот RISE – Regional Incubator for Social Entrepreneurs од страна на организацијата за социјални иновации „Арно“. Тимовите од програмата „RISE“ имаа можност да слушнат знаења и искуства од искусни експерти во рамките на темата „Важноста на комуникацијата и видливоста во градењето на брендовите“.
Експерти во рамките на оваа средба и обука беа:
м-р Бојан Кордалов – специјалист за односи со јавност и нови медиуми, како и координатор на Програмата за транспарентност, медиуми и дигитализација на ИДУЕП. Тој даде вовед во концептите на комуникации, видливост и брендинг, а даде фидбек на секој од тимовите за презентираните идеи. Бојан сподели голем број на конкретни совети од своето искуство, како и препораки за правилно користење на современи алатки и соодветни комуникациски платформи, (традиционални медиуми, фејсбук и микротаргетирање преку останатите социјални медиуми, инфлуенсери кога и кои?), но и детални насоки за главните чекори во комуникациските процеси.
Олга Рајчиќ – ко-основачка на компанијата „Challenger“, која го претстави целото свое искуство за градењето на својот стартап, со многу корисни поенти и искрени насоки во делот на брендинг, позиционирање на пазар, искуства од грешки, лекции (научени и ненаучени), совети за храброст и упорност, како и важност на алатки за истражување на пазар, добивање фидбек од корисници и насоки за помош во избор на правите комуникациски канали за промоција.
Елена Донева, ко-основачка на компанијата „Контура“, која во рамки на одржаната работилница прецизно ги акцентираше главните поенти на целата „филозофија“ на процесот на брендирање. Во рамки на работилницата од страна на Елена беа споделени конкретни примери, одлични визуелизации и сработени дела од креативното студио „Контура“. Учесниците исто така имаа прилика да слушнат и научат за т.н „табли за расположение (moodboards) и да искреираат свои за идеите кои ги развиваат во рамки на програмата, како и да слушнат фидбек за сработеното и препораки за понатамошни доработки во овој дел.
Учесниците од програмата RISE се паметни и амбициозни млади луѓе кои беа многу активни за време на денешната средба, но и дополнително потврдија дека средбите со експерти се освежување на програмата кое се темпира во прав момент, за да можат тимовите вистински да го апсорбираат понуденото знаење и вежби.