„Walk and Talk“ во Прилеп и Битола – Младинскиот караван се фокусира на важноста на менталното здравје

Во среда, 22.11.2023 година, во Прилеп и Битола ќе се организираат „Walk and Talk“ настани кои целат да ја подигнат свеста и да ја надминат стигмата поврзана со менталното здравје помеѓу младата популација. Целта е да се охрабрат младите луѓе на возраст помеѓу 15-25 години отворено да разговараат за предизвиците за менталното здравје преку пристап заснован на активности прилагодени за оваа возраст. Според концептот на проектот предвидено е движење според дадената мапа во двете општини по која учесниците ќе се движат за време на настаните со 3 точки на застанување…

„Walk and Talk“ настаните започнаа од Струмица и Валандово – Заеднички ја подигаме свеста за менталното здравје кај младите

Со кого разговараш кога нешто те мачи? Ова беше само една од темите на кои зборуваа младите во отворен разговор за време на првиот настан „Walk and Talk“ во Струмица. Настаните „Walk and Talk“ организирани под иницијатива на Министерството за труд и социјална политика и поддржани од страна на УНИЦЕФ, а спроведени од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Сојузот на извидници имаат за цел подигнување на свеста за менталното здравје кај адолесцентите и нивните семејства. Замислени како младинска пешачка рута со разновидни…

„Walk and Talk“ започнува во Струмица и Валандово – младите ќе пешачат и разговараат за менталното здравје

Во петок во Струмица и Валандово ќе се организираат „Walk and Talk“ настани кои целат да ја подигнат свеста и да ја надминат стигмата поврзана со менталното здравје помеѓу младата популација. Целта е да се охрабрат младите луѓе на возраст помеѓу 15-25 години отворено да разговараат за предизвиците за менталното здравје преку пристап заснован на активности прилагодени за оваа возраст. Според концептот на проектот предвидено е креирање на мапа по која учесниците ќе се движат за време на настаните со 3 точки на застанување каде експерти за ментално здравје заедно…

ИДУЕП: Младите се во ЕУ, институциите на централно и локално ниво да изнајдат начини како да ги вклучат повеќе во евроинтеграциските процеси

Потребна е вистинска и поголема вклученост на младите во процесите на одлучување на сите нивоа на власта, како и во креирање на јавни политики, особено како дел од процесот на пристапување кон ЕУ – ова беа дел од заклучоците кои се дискутираа на втората дебата на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) насловена „Младите се во ЕУ“ како дел од иницијативата „Македонскиот евроинтеграциски пат – Градење на партнерства и преземање на позитивните искуства“. Пратеничката и координаторка на Клубот на млади пратеници во Собранието, Моника Зајкова истакна дека немаме…

ИДУЕП го организира јавниот настан „Младите се во ЕУ“

Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) на 2.10.2023 година со почеток во 14:30 часот го организира јавниот настан насловен „Младите се во ЕУ“ како дел од иницијативата „Македонскиот евроинтеграциски пат – Градење на партнерства и преземање на позитивните искуства“. На дебатата ќе бидат отворени теми поврзани со потребата од поголема вклученост на младите луѓе во процесите на одлучување на сите нивоа на власта, како и во креирањето на јавни политики на централно и локално ниво, македонскиот евроинтеграциски процес вклучително и предизвиците и следните чекори на овој план, со…

Повисоки плати, квалитет на живот и младите рамноправно да одлучуваат – ИДУЕП на вицепремиерот Битиќи му ги предаде заклучоците за професиите на иднината

Младите бараат повисоки плати, можност да работат на далечина, флексибилно работно време, европски квалитет на живот, поддршка за професиите на иднината кои се базирани на ИТ технологиите, но и занаетчиски професии – ова се дел од сублимираните заклучоци во рамки на Анализата „Што сакаат младите – професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“ која беше предадена вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Во рамки на настанот кој се одржа на 14 март 2023 година, Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) организираше и заедничка дебата за овие, но…

Дигитализацијата конечно да стане национален и натпартиски приоритет – иницијатива на ИДУЕП на средбата со МИОА Азир Алиу

Одржана работна средба на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) со Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу на која се разговараше за можностите и иницијативите за меѓусебна соработка и јакнење на капацитетите на МИОА во делот на напорите за дигитална трансформација, како и процесот на пристапни преговори со Европската Унија, во делот на Поглавјето 10 – Информатичко општество и медиуми. Претставници на ИДУЕП и Министерството за информатичко општество (МИОА) во следниот период ќе ги дефинираат потенцијалите за конкретни заеднички активности поврзани со застапување на процесот на…

Анализата на ИДУЕП за професиите на иднината ќе биде презентирана на седница на НСЕИ

Денес, 22.2.2023 година, на деветтата седница на Националниот совет за евроинтеграции при Собранието ќе биде презентирана анализата „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат вештини и знаења денес” која ја изготви Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Седницата е закажана со почеток во 12.00 часот, во собраниската сала „Борис Трајковски. Анализата е изработена во рамки на истоимениот проект кој се имплементира од страна на ИДУЕП, кој е финансиран од страна на Европската Унија, а субгрантиран од страна на фондацијата „Ана и Владе Дивац“, Младинскиот сојуз Крушево и…

ИДУЕП дел од консултативниот процес за организацијата на Преспа форум за дијалог

Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) со свое активно учество во консултативниот процес за организацијата на јубилејното 5. издание на Преспа форумот за дијалог (ПФД2023). Заедно со претставници и претставнички од дел од домашниот граѓански сектор и други тинк тенк организации, учествуваше на Панел дискусијата организирана од страна на Министерството за надворешни работи (МНР) со која официјално се најави одржувањето на Форумот на 15 и 16 јуни 2023 година во Струга. Според планот, се предвидува на 14 јуни да биде одржан и засебен Младински ПФД2023, а со цел…

ИДУЕП дебата: Се подготвува законска можност за работа од далечина, државата мора да ги вклучи младите и да креира мерки кои ќе ги мотивираат да останат во земјата

Младите луѓе сакаат флексибилно работно време, работа од далечина и услови за квалитетен живот по нивна мерка, а државата треба поактивно да ги вклучи во носењето одлуки и креирање политики со цел да имаме мотивирана младина да остане во земјата – ова се дел од заклучоците од втората јавна дебата посветена на подигање на јавната свест за младинската невработеност во организација на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), а во соработка и со Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ).…