Отворен повик: Младински хакатон за решенија за справување со корупцијата

Младинскиот сојуз од Крушево во партнерство со Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондацијата Фридрих Науман, распишува јавен повик за учесници за тродневен хакатон на тема „DigiYouth against Corruption“. Хакатонот ќе се организира од 5ти до 7ми јули 2024 година, во Охрид.

Ангажирањето на младите од земјава во борбата против корупцијата е од витално значење за градење транспарентна и одговорна иднина. Како лидери на утрешниот ден, вклученостa на младите обезбедува развој на општество вкоренети во интегритет и правда. Младите луѓе носат свежи перспективи, иновативни решенија и силно чувство за етичка одговорност. Овозможувајќи им да преземат акција против корупцијата, негуваме култура на транспарентност, ги зајакнуваме демократските процеси и го отвораме патот за одржлив економски раст. Нивното активно учество е од суштинско значење за поттикнување значајни промени и создавање поправедно, поправедно општество за сите.

Хакатонот е замислен како тридневно дружење за млади од целата земја и натпревар во користење на знаења од различни области со цел иновирање на решенија за сузбивање на корупцијата. Целта е да се осмислат иницијативи и иновативни решенија за ефективно сузбивање на корупцијата особено таму каде што ја препознаваат младите.

Критериуми за учество

Пријавувањето е отворено за сите млади луѓе на возраст од 16 до 29 години, кои:

  • се активни во областа на граѓанскиот активизам и решавање на општествените проблеми;
  • имаат искуство во неформалните образовни процеси;
  • имаат основни познавање на англискиот јазик.

Заинтересираните млади може да се пријават поединечно или во тимови до 3 члена. Комисијата, врз основа на квалитетот и искажаната мотивираност ќе избере 20 најуспешни пријави и ќе ги повика учесниците да се придружат на проектните тимови во рамки на овој  настан.

Врз основа на номинираните предлог-идеи опишани во апликациите, комисијата ќе ги избере работните теми и ќе ги формира работните тимови. Во консултација со експерти од различни области, комисијата ќе настојува да мапира области и теми каде што може да се понудат реални и конкретни решенија во рамките на зададените цели на хакатонот.

Пријава за учество

За учество на хакатонот треба да се пополни онлајн пријава, која содржи прашања поврзани со идентитетот и мотивацијата на апликантите, како и прашања поврзани со проблеми и предлог-решенија.

Која ќе биде улогата на избраните учесници и што може да се очекува од нив?

Нашата намера е да идентификуваме млади луѓе кои: делуваат како иноватори и имаат лидерски вештини; се вклучени во дебати на теми поврзани со општествените проблеми; поединци кои вложуваат напор за унапредување на општеството во поширока смисла; и млади луѓе кои се спремни за акција.

Учесниците на хакатонот заеднички ќе работат на развивање идеи врз основа на методологија која ќе биде прилагодена на идентификуваните тематски области. Целта на хакатонот не е само да се идентификуваат проблеми и да се пронајдат адекватни идејни решенија, туку и понатамошно развивање на тематските компетенции на учесниците, унапредување на вештините за користење на достапните алатки, разбирање и решавање на зададените проблеми. Преку заедничка работа и интеракција, учесниците првенствено ќе креираат мрежа на млади луѓе кои стекнатото знаење и искуство ќе го пренесуваат на своите врсници во локалната заедници, поттикнувајќи што повеќе млади да преземат активна улога во слични активности.

Учеството на хакатонот не подразбира никакво предзнаење за темите поврзани со корупција, ниту пак, предзнаења од областа на информатичките технологии. Сите решенија не мора да се темелат на ИТ областа, туку може да бидат резултат на креативно размислување и темелно решавање на проблемите врз основа на стекнатите знаења и достапни ресурси. Секој тим што ќе учествува на хакатонот ќе добие стручна подршка од најмалку еден експерт од тематската област која се обработува.

Хакатонот ќе трае 2 и пол дена и ќе се очекува непрекинато учество на избраните учесници од 4-8 часа дневно, од 09:00 до 17:00 часот. Програмата на хакатонот ќе се фокусира на создавање доверлива, отворена, безбедна и рефлектирачка атмосфера, со цел да се стимулира креативно, иновативно и критичко размислување кај учесниците, во однос на зададените теми на кои ќе работат. 

За учеството на хакатонот се обезбедени средства за сместување, храна, освожување и патни трошоци (во висина на автобуска карта).

Поврзани соддржини

Leave a Comment