Во среда, 22.11.2023 година, во Прилеп и Битола ќе се организираат „Walk and Talk“ настани кои целат да ја подигнат свеста и да ја надминат стигмата поврзана со менталното здравје помеѓу младата популација. Целта е да се охрабрат младите луѓе на возраст помеѓу 15-25 години отворено да разговараат за предизвиците за менталното здравје преку пристап заснован на активности прилагодени за оваа возраст.
Според концептот на проектот предвидено е движење според дадената мапа во двете општини по која учесниците ќе се движат за време на настаните со 3 точки на застанување каде експерти за ментално здравје заедно со младите ќе разговараат за сите предизвици со кои тие се соочуваат.
Караванот започна од Струмица и Валандово, a досега беше организиран и во Штип, Пробиштип и Тетово. Покрај денешните во Прилеп и Битола, предвидено е организирање на вакви настани и во Кратово, Кочани, Гостивар, Виница, Блатец, Куманово, Велес, Кавадарци и Скопје.
Иницијативата „Walk & Talk“ ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Сојузот на извидници, а со поддршка на локалната Канцеларија на УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика (МТСП).