Претставници на DigiU остварија работен состанок со ректорот на УГД Штип

Претставници на иницијативата „#DigiU“ беа во работна посета на Штип каде се сретнаа со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Дејан Мираковски и со проректорот за настава и студенти, проф. д-р Мишко Џидров. Тема на состаноците беше процесот на дигитална трансформација во високото образование и начините за негово унапредување. Посебен акцент беше ставен на позитивните практики кои овој Универзитет ги покажува во сферата на дигитализацијата на студентските услуги и е-учењето. За таа цел, во наредниот период се планира организирање на заеднички настани со цел промоција на конкретни позитивни дигитални…

Одржан #DigiU форум на тема „Дигитализација на државните универзитети“

#DigiU организираше форум на тема „Дигитализација на државните универзитети“ – Настанот беше во организација на Форумот за образовни промени (ФОП), Асоцијацијата за младинско зајакнување (YEA) и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во рамки на иницијативата за дигитални услуги во високото образование (DigiU). Панелисти беа МИОА Азир Алиу, ЗМОН Агим Нухиу, Дејан Мираковски, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“, Христина Спасевска, проректорка за настава при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Куштрим Ахмети, ректор на Тетовскиот Универзитет, како и Славчо Темелковски, претседател на УСС УКИМ, Сара Денковска, претседателка на УСС…

#DigiU – Анализа на состојбата со дигитализацијата на државните универзитети

Анализата на состојбата со дигитализацијата на државните универзитети е изработена од страна на Форумот за образовни промени (ФОП), Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Асоцијација за младинско зајакнување (YEA) во рамки на иницијативата DigiU, покрената од трите организации, а во која се вклучени и студентските организации, како и претставничките и претставниците на универзитетите и дел од надлежните институции. Оваа публикација е поддржана од страна на European Endowment for Democracy (EED). Анализата има за цел да обезбеди увид во факторите што го попречуваат успехот на дигиталната трансформација во…

#DigiU организира форум на тема „Дигитализација на државните универзитети во Република Северна Македонија“

Форумот за образовни промени (ФОП), Асоцијацијата за младинско зајакнување (YEA) и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во рамки на иницијативата за дигитални услуги во високото образование (DigiU) организираат Форум на тема „Дигитализација на државните универзитети во Република Северна Македонија“. Настанот ќе се одржи на 27.4.2023 година со почеток во 10 часот. Во прилог агендата на настанот: 09:45-10:05 | Пристигнување на учесниците и заеднички изјави за медиуми 10:05-10:10 | Воведно обраќање и отворање на #DigiU Форум од страна на Бленди Ходаи (ФОП) 10:10-11:30 | Панел 1: Заинтересирани страни…

ИДУЕП со поддршка за #DigiU – Заеднички сојуз за дигитални услуги во високото образование

Студентите имаат 100 проблеми, но трчањето по шалтери не треба да е еден од нив! За таа цел студентите и нивните организации бараат дигитално трансформирани универзитети! Ова беше заклучено на првиот состанок на младински организации кој се залага за дигитални услуги во високото образование. На 3 февруари 2023 година фицијално започна иницијативата #DigiU иницирана од Форумот за образовни промени (FECH),  ИДУЕП и Асоцијацијата за младинско зајакнување (YEA), каде присуствуваа и дел од студентските собранија и беше разговарано за различните можности што ќе доведат на чекор поблиску до дигиталните универзитети. ИДУЕП…