Digi Edu Hackathon со цел изнаоѓање на решенија за брза и одржлива дигитализација во високото образование

Денес, 18.12.2023 година започнува „Диги образованиот хакатон“ на кој студенти претставници на различни универзитетски студентски собранија ќе изнаоѓаат конкретни решенија за спроведување на брза и одржлива дигитализација во високото образование.

Целта на Хакатонот е заедничка работа и дружење помеѓу претставниците и претставничките на универзитетските студентски собранија кои во текот на двата дена ќе работат на конкретни идеи за примена на дигитална трансформација на универзитетите. Тие, своите идеи, заедно со пратеници, професори и претставниците на граѓанските организации ќе ги обликуваат во форма на финални заклучоци и предлози за законски измени кои ќе бидат презентирани и дадени на разгледување и усвојување од страна на пратениците на јавна дебата во Собранието насловена „Неопходни законски измени за брза и ефикасна дигитализација во високото образование“, а закажана да се одржи на 20.12.2023 година во 12 часот. Собраниската јавна расправа ја организира Клубот за млади пратеници  во соработка со „#DigiU“ платформата за дигитализација во високото образование.

„Диги образованиот хакатон“ е организиран од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и германската фондација за слобода „Фридрих Науман“,а во соработка со Клубот за младински прашања и младински политики при Собранието.

Поврзани соддржини

Leave a Comment