Покана за настан: „Патот кон дигиталната трансформација на Универзитетот ‘Гоце Делчев’ – Штип“

Платформата за дигитализација во високото образование „DigiU“ во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, организира јавна дебата на тема „Патот кон дигиталната трансформација на УГД Штип“. На дискусијата се поканети и ќе присуствуваат претставници на УГД Штип, студенти и млади луѓе, граѓански организации, приватен сектор како и други заинтересирани релевантни чинители.

Во таа насока, со особена чест ве покануваме на настанот кој ќе се одржи на 27.12.2023 година, среда, со почеток во 11 часот, во просториите на тренинг центарот на УГД Штип (Правен факултет). Целта е дискусија за наредните чекори на Универзитетот Гоце Делчев Штип, за по ефикасно дигитализирање на услугите и учењето на универзитетот како и отворена дискусија за придобивките од дигиталната трансформација на универзитетите за самите студенти, наставниот кадар, но и економијата и развојот на општеството во целина. Истовремено, ќе бидат споделени и позитивните пракси кои УГД ги пренесува на другите високообразовни институции, како и ефектот за приватниот сектор од воведувањето на ваквите процеси во високото образование.

Воведни обраќања во рамки на јавната дебата ќе имаат проф. д-р. Мишко Џидров, проректор за настава на УГД Штип; комуникологот Бојан Кордалов, претседател на ИДУЕП како дел од платформата #DigiU, Митко Андонов, ЕОН ЕДЕН Маркетинг, доц. д-р. Александер Велинов, раководител за е-учење на УГД Штип, проф. д-р. Елениор Николов, Воена Академија Скопје. Настанот ќе го модерира Шевал Зиза, потпретседател на УСС при УГД Штип.

По завршувањето на настанот, предвидено е потпишување на Документ со заложби во насока на поддршка на процесот на дигитална трансформација помеѓу УГД и претставниците на платформата #DigiU.

Повеќе инфо:

Иницијативата #DigiU е иницирана од Форумот за образовни промени (ФОП-FECH), Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Асоцијацијата за младинско зајакнување (YEA). Таа официјално започна на 3 февруари 2023 година, а на конститутивната средба присуствуваа и своја поддршка дадоа и дел од студентските собранија. „Студентите имаат 100 проблеми, но трчањето по шалтери не треба да е еден од нив!“ – беше заедничкиот заклучок за време на овој прв официјален состанок. За таа цел, студентите и нивните организации, обединети во рамки на #DigiU бараат дигитално трансформирани универзитети и дигитални услуги во високото образование!

Исто така, #DigiU организираше Форум на тема „Дигитализација на државните универзитети во Република Северна Македонија“, кој се одржа на 27.4.2023 година. Непосредно потоа беше промовирана и Анализата на состојбата со дигитализацијата на државните универзитети издадена на македонски и албански јазик. Оваа публикација е изработена од страна на ФОП, ИДУЕП и YEA и е поддржана од страна на European Endowment for Democracy (EED).

Анализата е достапна ТУКА

На 25.9.2023 година, претставници на иницијативата „#DigiU“ беа во работна посета на Штип каде се сретнаа со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Дејан Мираковски и со проректорот за настава и студенти, проф. д-р Мишко Џидров. Тема на состаноците беше процесот на дигитална трансформација во високото образование и начините за негово унапредување. Посебен акцент беше ставен на позитивните практики кои овој Универзитет ги покажува во сферата на дигитализацијата на студентските услуги и е-учењето, па за таа цел, во наредниот период беше договорено организирање на заеднички настани со цел промоција на конкретни позитивни дигитални примери кои веќе даваат видливи и конкретни резултати за студентите, наставниот кадар и целокупниот високообразовен процес воопшто.

Во оваа насока, на 22.11.2023 година во УГД Штип се одржа првиот заеднички јавен настан насловен „#DigiU приказната на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип – искуства и предизвици“ каде воведни обраќања имаа проф. д-р Дејан Мираковски, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Бленди Ходаи, директор на Форум за образовни промени (ФОП) како дел од #DigiU иницијативата. Во рамки на јавната дебата зборуваа Станела Гацова, претставничка од Универзитетското Студентско Собрание при УГД, доц. д-р. Александер Велинов, шеф за е-учење на УГД Штип, доц. д-р. Ристе Тимовски, шеф за е-индекс на УГД Штип, како и Александар Каратошо, претставник на инициjативата #DigiU. Настанот ќе го модерира Шевал Зиза, потпретседател на УСС при УГД Штип.

Поврзани соддржини

Leave a Comment