#DigiU јавна дебата во Собранието „Неопходни законски измени за брза и ефикасна дигитализација во високото образование“

Имаме чест да ве поканиме да ја проследите јавната дебата „Неопходни законски измени за брза и ефикасна дигитализација во високото образование“ која ќе се оддржи утре,20-ти декември 2023 година со почеток во 12:00 часот во Уставна Сала во Собранието. Оваа јавна дебата ја организира Клубот за младински прашања и политики при Собранието во соработка со платформата за дигитализација на државните универзитети #DigiU и има за цел адресирање на конкретни законски измени кои ќе понудат решенија за актуелните предизвици и проблеми поврзани со нецелосната имплементација на дигитализацијата во високото образование.

Покана е испратена и се очекува присуство на ректорите на универзитетите во земјата, раководствата на студентските парламенти, надлежните министри за образование и информатичко општество, како и претставници на младински организации во земјата.

На оваа јавна дебата ќе бидат презентирани и заклучоците од Диги образовниот хакатон во организација на ИДУЕП и Фондацијата „Фридрих Науман“, на кој учествуваа претставници на универзитетските собранија, професори и пратеници од различни пратенички групи во Собранието.

Поврзани соддржини

Leave a Comment