Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и #DigiU потишаа заедничка заложба за дигитализација во високото образование

Дел од организациите во име на платформата за дигитализација во високото образование „DigiU“ и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип потпишаа Декларација за заедничка заложба за дигитализација на државните универзитети со примарна цел дополнително подигање на квалитетот на високото образование во земјава.

Во заедничката декларација, меѓу другото, се истакнува дека страните ќе се залагаат за:

  1. Развој на сеопфатна стратегија за дигитализација за државните универзитети, која ќе вклучува воспоставување дигитална инфраструктура и платформи, како и развој на дигитални вештини на персоналот и студентите;
  2. Промовирање на употребата на дигитални алатки во наставата и учењето, вклучувајќи и развој на онлајн курсеви и употреба на системи за управување со учењето како можност за постигнување на инклузивност и интерактивност на наставата;
  3. Организирање на процесите на услуги преку употреба на дигитални платформи, како што се онлајн системи за регистрација и запишување и управување со дигитални документи;
  4. Овозможување на безбедност и приватност на дигиталните податоци и инфраструктура, преку имплементација на соодветни безбедносни мерки и протоколи.
  5. Обезбедување квалитетни електронски уреди, пристап до интернет и соодветна обука за сите учесници во воспитно-образовниот процес кои ќе бидат опфатени со дигиталните образовни реформи;
  6. Зајакнување на соработката и размена на знаења помеѓу државните универзитети како и помеѓу соработниците од приватниот сектор, граѓанските организации, експертите и сите останати физички и правни лица со цел да се обезбеди максимизација на придобивките од дигитализацијата.

Потписник во името на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) е комуникологот Бојат Кордалов во својство на претседател на Институтот. На потпишувањето му претходеше заедничка јавна дебата на тема „Патот кон дигиталната трансформација на УГД Штип“ на која присуствуваа и претставници на УГД Штип, студенти и млади луѓе, граѓански организации, приватен сектор како и други заинтересирани релевантни чинители.

Повеќе инфо:

Иницијативата #DigiU е иницирана од Форумот за образовни промени (ФОП-FECH), Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Асоцијацијата за младинско зајакнување (YEA). Таа официјално започна на 3 февруари 2023 година, а на конститутивната средба присуствуваа и своја поддршка дадоа и дел од студентските собранија. „Студентите имаат 100 проблеми, но трчањето по шалтери не треба да е еден од нив!“ – беше заедничкиот заклучок за време на овој прв официјален состанок. За таа цел, студентите и нивните организации, обединети во рамки на #DigiU бараат дигитално трансформирани универзитети и дигитални услуги во високото образование!

Исто така, #DigiU организираше Форум на тема „Дигитализација на државните универзитети во Република Северна Македонија“, кој се одржа на 27.4.2023 година. Непосредно потоа беше промовирана и Анализата на состојбата со дигитализацијата на државните универзитети издадена на македонски и албански јазик. Оваа публикација е изработена од страна на ФОП, ИДУЕП и YEA и е поддржана од страна на European Endowment for Democracy (EED).

Анализата е достапна ТУКА

На 25.9.2023 година, претставници на иницијативата „#DigiU“ беа во работна посета на Штип каде се сретнаа со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Дејан Мираковски и со проректорот за настава и студенти, проф. д-р Мишко Џидров. Тема на состаноците беше процесот на дигитална трансформација во високото образование и начините за негово унапредување. Посебен акцент беше ставен на позитивните практики кои овој Универзитет ги покажува во сферата на дигитализацијата на студентските услуги и е-учењето, па за таа цел, во наредниот период беше договорено организирање на заеднички настани со цел промоција на конкретни позитивни дигитални примери кои веќе даваат видливи и конкретни резултати за студентите, наставниот кадар и целокупниот високообразовен процес воопшто.

Во оваа насока, на 22.11.2023 година во УГД Штип се одржа првиот заеднички јавен настан насловен „#DigiU приказната на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип – искуства и предизвици“ каде воведни обраќања имаа проф. д-р Дејан Мираковски, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Бленди Ходаи, директор на Форум за образовни промени (ФОП) како дел од #DigiU иницијативата. Во рамки на јавната дебата зборуваа Станела Гацова, претставничка од Универзитетското Студентско Собрание при УГД, доц. д-р. Александер Велинов, шеф за е-учење на УГД Штип, доц. д-р. Ристе Тимовски, шеф за е-индекс на УГД Штип, како и Александар Каратошо, претставник на инициjативата #DigiU. Настанот го модерираше Шевал Зиза, потпретседател на УСС при УГД Штип.

На 27.12.2023 година, повторно во УГД Штип се одржа вториот заеднички јавен настан насловен „Патот кон дигиталната трансформација на УГД Штип“ каде воведни обраќања имаа проф. д-р. Мишко Џидров, проректор за настава на УГД Штип; комуникологот Бојан Кордалов, претседател на ИДУЕП како дел од платформата #DigiU, Митко Андонов, ЕОН ЕДЕН Маркетинг, доц. д-р. Александер Велинов, раководител за е-учење на УГД Штип, проф. д-р. Елениор Николов, Воена Академија Скопје. Настанот беше модериран од страна на Шевал Зиза, потпретседател на УСС при УГД Штип.

Поврзани соддржини

Leave a Comment