Покана за учество во дебата на ИДУЕП насловена „Digi Youth Dialogue“

Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) има чест да ве покани на онлајн дебатата „Digi Youth Dialogue“ која ќе се одржи утре (11.04.2024) со почеток во 12 часот , а на која говорници ќе бидат: Моника Зајкова, координаторка на Клубот за младински прашања и политики во Собранието, Стефан Андоновски, дополнителен заменик министер во МИОА и Бојан Кордалов, комуниколог и претседател на ИДУЕП.

Целта на оваа дебата е поттикнување на општествен дијалог и поддршка на процесот на дигитализација како и дополнително вмрежување помеѓу младите, младинските граѓански организации и општествените чинители. Исто така, оваа активност е дел од активностите на ИДУЕП Институтот за поставување на процесот на дигитализација како национален приоритет и стратешка определба на сите, а особено неопходна за подобрување на јавните услуги кон граѓаните, компаниите и организациите, квалитет на живот за секој човек, како и еден од неопходните предуслови кои ги мотивираат младите луѓе да започнат да размислуваат за градење на иднината во својата земја.

Оваа активност се спроведува како дел од одбележувањето на 15 години од основањето на ИДУЕП Институтот преку организирање на 15 општествено активни настани.

Поврзани соддржини

Leave a Comment