Во организација на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во Студентскиот културен центар се одржа онлајн дебатата „Digi Youth Dialogue“, на која главен фокус беше ставен на младите и дигитализацијата. Панелисти на настанот беа Моника Зајкова, координаторка на Клубот за младински прашања и политики во Собранието, Стефан Андоновски, дополнителен заменик министер во МИОА и Бојан Кордалов, комуниколог и претседател на ИДУЕП. Дигитализацијата е еден од процесите за справување со корупцијата и со денешната дебата се покажува дека приоритетот на граѓаните, а особено прашањата кои се важни за младите…
Month: April 2024
Покана за учество во дебата на ИДУЕП насловена „Digi Youth Dialogue“
Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) има чест да ве покани на онлајн дебатата „Digi Youth Dialogue“ која ќе се одржи утре (11.04.2024) со почеток во 12 часот , а на која говорници ќе бидат: Моника Зајкова, координаторка на Клубот за младински прашања и политики во Собранието, Стефан Андоновски, дополнителен заменик министер во МИОА и Бојан Кордалов, комуниколог и претседател на ИДУЕП. Целта на оваа дебата е поттикнување на општествен дијалог и поддршка на процесот на дигитализација како и дополнително вмрежување помеѓу младите, младинските граѓански организации и општествените…
Студентите во фокусот на студиската посета на УСС УКИМ на Брисел
Во периодот од 4 до 7 Април 2024 година, во организација на Европскиот центар за извонредност (European Centre of Excellence, ECE) и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), делегација на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) учествуваше во студиска посета на Брисел, Белгија. Целта на дводневната посета беше директно запознавање на студентските претставнички и претставници со позитивни европски пракси, поврзување со меѓународни организации и ЕУ институции релевантни за европската перспектива на младите од земјата, како и креирање на можности за поврзување и вмрежување…
