Имаме чест да ве поканиме да ја проследите јавната дебата „Неопходни законски измени за брза и ефикасна дигитализација во високото образование“ која ќе се оддржи утре,20-ти декември 2023 година со почеток во 12:00 часот во Уставна Сала во Собранието. Оваа јавна дебата ја организира Клубот за младински прашања и политики при Собранието во соработка со платформата за дигитализација на државните универзитети #DigiU и има за цел адресирање на конкретни законски измени кои ќе понудат решенија за актуелните предизвици и проблеми поврзани со нецелосната имплементација на дигитализацијата во високото образование. Покана…
Day: December 18, 2023
Digi Edu Hackathon со цел изнаоѓање на решенија за брза и одржлива дигитализација во високото образование
Денес, 18.12.2023 година започнува „Диги образованиот хакатон“ на кој студенти претставници на различни универзитетски студентски собранија ќе изнаоѓаат конкретни решенија за спроведување на брза и одржлива дигитализација во високото образование. Целта на Хакатонот е заедничка работа и дружење помеѓу претставниците и претставничките на универзитетските студентски собранија кои во текот на двата дена ќе работат на конкретни идеи за примена на дигитална трансформација на универзитетите. Тие, своите идеи, заедно со пратеници, професори и претставниците на граѓанските организации ќе ги обликуваат во форма на финални заклучоци и предлози за законски измени кои…
