„Walk and Talk“ во Куманово и Свети Николе

Почетокот на неделата го започнуваме во Куманово и Свети Николе каде ќе се организираат осмиот и деветтиот „Walk and Talk“ настани кои има за цел подигање на свеста и надминување на стигмата поврзана со менталното здравје помеѓу младата популација. Целта е да се охрабрат младите луѓе на возраст помеѓу 15-25 години отворено да разговараат за предизвиците за менталното здравје преку пристап заснован на активности прилагодени за оваа возраст.

Според концептот на проектот за време на настаните предвидено е движење на учесничките и учесниците по претходно креирана мапа со 3 точки на застанување каде експерти за ментално здравје заедно со младите ќе разговараат за сите предизвици со кои тие се соочуваат.

Караванот започна од Струмица и Валандово, a досега беше организиран и во Штип, Пробиштип, Тетово, Прилеп и Битола. Предвидено е организирање на вакви настани и во Св. Николе, Кочани, Гостивар, Виница, Блатец, Куманово, Велес, Кавадарци и Скопје.

Иницијативата „Walk & Talk“ ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Сојузот на извидници, а со поддршка на локалната Канцеларија на УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Поврзани соддржини

Leave a Comment