„Walk and Talk“ во Куманово и Свети Николе – Младите разговаа со експерти за ментално здравје за личната добросостојба

„Walk and Talk“ тимот се дружеше со младите од Куманово и Свети Николе – Преку прошетка и разновидни креативни активности нашите дискусии за ментално здравје и препораки за градење инклузивна култура во справување со предизвиците ги зајакна капацитетите на младите од овие градови и ги охрабри отворено да зборуваат на оваа тема секогаш кога имаат потреба. На крајот од настанот беа посадени и дрвца, а како поддршка на иницијативата „Боренка“ која се стреми да ја направи нашата држава позелена.

Замислата на оваа иницијатива е настаните да се спроведуваат во 16 различни градови како рути за заедничко пешачење со цел да се промовира физичката активност и придобивките од активностите на отворено за менталната добросостојба. Тие имаат за цел да ги поттикнат младите (15-29 години) отворено да зборуваат за предизвиците на менталното здравје и да го дестигматизираат менталното здравје преку пристап заснован на игра и разговор со експерти за грижа за менталното здравје. Преку овие заеднички активности со врсниците и пријателите, социјализацијата може да даде и дополнителна придобивка, помагајќи им на младите да почувствуваат стабилност и потпора.

Иницијативата „Walk & Talk“ ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Сојузот на извидници, а со поддршка на локалната Канцеларија на УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Поврзани соддржини

Leave a Comment