„Walk and Talk“ во Велес и Кавадарци – Младинскиот караван продолжува да се фокусира на важноста на менталното здравје

Во петок, 1.12.2023 година, во Велес и Кавадарци ќе се организираат „Walk and Talk“ настани кои целат да ја подигнат свеста и да ја надминат стигмата поврзана со менталното здравје помеѓу младата популација. Целта е да се охрабрат младите луѓе на возраст помеѓу 15-25 години отворено да разговараат за предизвиците за менталното здравје преку пристап заснован на активности прилагодени за оваа возраст.

Според концептот на проектот предвидено е движење според дадената мапа во двете општини по која учесниците ќе се движат за време на настаните со 3 точки на застанување каде експерти за ментално здравје заедно со младите ќе разговараат за сите предизвици со кои тие се соочуваат.

Караванот започна од Струмица и Валандово, a досега беше организиран и во Штип, Пробиштип, Тетово, Прилеп и Битола. Покрај денешните во Велес и Кавадарци, предвидено е организирање на вакви настани и во Кратово, Кочани, Гостивар, Виница, Блатец, Куманово и Скопје.

Иницијативата „Walk & Talk“ ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Сојузот на извидници, а со поддршка на локалната Канцеларија на УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Поврзани соддржини

Leave a Comment