Грижата за менталното здравје е приоритет на младите луѓе – „Walk and Talk“ во Прилеп и Битола

Млади луѓе од Прилеп и Битола активно учествуваа на „Walk and Talk“ настаните каде споделија дека грижата за нивното ментално здравје им е многу важна и затоа сакаат да дознаат повеќе на таа тема – Дискутиравме, споделувавме позитивни искуства и совети како да се грижиме за нашето ментално здравје.

Иницијативата е предвидено да има 16 настани во различни градови кои имаат за цел да ги поттикнат младите (15-29 години) отворено да зборуваат за предизвиците на менталното здравје и да го дестигматизираат менталното здравје преку пристап заснован на игра и разговор со експерти за грижа за менталното здравје.

Замислата на оваа иницијатива е настаните да се спроведуваат како рути за заедничко пешачење со цел да се промовира физичката активност и придобивките од активностите на отворено за менталната добросостојба. Пешачењето го смирува умот, го подобрува расположението, го намалува ризикот како од депресија, така и од други проблеми поврзани со стресот и анксиозноста. Преку овие заеднички активности со врсниците и пријателите, социјализацијата може да даде и дополнителна придобивка, помагајќи им на младите да почувствуваат стабилност и потпора.

Иницијативата „Walk & Talk“ ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Сојузот на извидници, а со поддршка на локалната Канцеларија на УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Поврзани соддржини

Leave a Comment