Дигитализацијата во високото образование е реалност, а не утопија – Во Штип организиран јавниот настан „#DigiU приказната на УГД – искуства и предизвици“

Каде нема работа – има критика, но не секогаш! Платформата #DigiU започна низа заеднички активности со Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип за промовирање на дигиталната трансформација на овој универзитет, која треба да послужи како пример и подадена рака за соработка на оваа тема со другите државни универзитети и чинители во високото образование во земјата. Заедно со студентите и универзитетските професори од Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип ги споделивме предизвиците и искуствата од процесот за целосна дигитализација, кој воопшто не е едноставен, но сепак е возможен доколку се вложи доволно работа, посветеност и…

Грижата за менталното здравје е приоритет на младите луѓе – „Walk and Talk“ во Прилеп и Битола

Млади луѓе од Прилеп и Битола активно учествуваа на „Walk and Talk“ настаните каде споделија дека грижата за нивното ментално здравје им е многу важна и затоа сакаат да дознаат повеќе на таа тема – Дискутиравме, споделувавме позитивни искуства и совети како да се грижиме за нашето ментално здравје. Иницијативата е предвидено да има 16 настани во различни градови кои имаат за цел да ги поттикнат младите (15-29 години) отворено да зборуваат за предизвиците на менталното здравје и да го дестигматизираат менталното здравје преку пристап заснован на игра и разговор…