Во среда, 22.11.2023 година, во Прилеп и Битола ќе се организираат „Walk and Talk“ настани кои целат да ја подигнат свеста и да ја надминат стигмата поврзана со менталното здравје помеѓу младата популација. Целта е да се охрабрат младите луѓе на возраст помеѓу 15-25 години отворено да разговараат за предизвиците за менталното здравје преку пристап заснован на активности прилагодени за оваа возраст. Според концептот на проектот предвидено е движење според дадената мапа во двете општини по која учесниците ќе се движат за време на настаните со 3 точки на застанување…
Day: November 21, 2023
Покана за настан: „#DigiU приказната на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип – искуства и предизвици“
Платформата за дигитализација во високото образование „DigiU“ во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, организира јавна дебата на тема „DigiU приказната на Универзитетот Гоце Делчев – Штип: искуства и предизвици“. За таа цел, со особена чест ве покануваме на настанот кој ќе се одржи на 22.11.2023 година, среда, со почеток во 11 часот, во просториите на тренинг центарот на УГД Штип. Целта на настанот е презентација на искуства, предизици и научени лекции од досегашниот процес на дигитализирање на УГД Штип, како и отворена дискусија за придобивките од дигиталната трансформација…
