Караванот „Остави трага“, кој има за цел да поттикне младинска активација, но и да пренесе пораки на еднаквост и толеранција низ целата земја, продолжува со шестиот од серијата на настани за подигање на јавната свест, кој ќе се одржи во Гостивар на 6.9.2023 година со почеток во 18:30 часот во паркот до општинската зграда во Гостивар.
Во рамки на настанот ќе се реализира и панел дискусија под името „Еднаква, своја, успешна“ на која учество ќе земат:
- Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика
- Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање
- Н.Е. г-н Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија
- Магдалена Несторовска, државна секретарка во МВР
- Намик Дурмиши, заменик градоначалник на Општина Гостивар
- Ема Нешкоски, координаторка на „Работилница за репарација на стари предмети“
- Берин Мухамед, претседател на Сојуз на средношколци
- Благица Ефтимова, проектна асистентка за глобален и регионален менаџмент
- асс. проф. Ермира Идризи, професорка на ЈИЕ Универзитет во Тетово
- Неда Малеска, извршна директорка на Центар за управување со промени (ЦУП)
- Марија Андреева, проектнa раководителка во рамки на канцеларијата на Советот на Европа (CoE) во Скопје
Целта на овој настан е да се поттикнат младите на зголемено учество во македонското општество, како и нивната активацијата, како и подигање на свеста за неопходноста од еднаквост и борба со омражата. Настанот официјално ќе го отвори групата „Шербет“, ќе биде изведена мини пиесата „Среќа“ на Интимен театар Битола, дел од студентите на Меѓународниот Балкански Универзитет – Факултетот за уметност и дизајн ќе изготват уметнички дела на платно, додека младата уметничка Мартина Наумовска ќе гравира на стакло и стаклени чаши.
Серијата јавни настани која е насловена „Дојди и раскажи ја својата приказна – Остави трага“ ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи во соработка со Министерството за труд и социјална политика и со поддршка на проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.