ИДУЕП учествува во консултативниот процес на СЕП за изготвување на патоказите за ЕУ

Секретаријатот за европски прашања (СЕП) отпочна процес на консултации со граѓанското општество за изготвување на патоказите за владеење на правото, функционирањето на демократските институции и реформа на јавната администрација кои треба да се подготват согласно Преговарачката рамка усвоена од Советот на ЕУ на 18 јули 2022 година, а на кои беа поканети и активно учество зедоа претставници на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП).

Состанокот беше одржан во просториите на Секретаријатот на 24.8.2023 година, а на него учествуваа и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, која подетално ги информираше и ги објасни чекорите кои треба да се преземат следниот период, а државните советници, Драган Тилев и Селвет Барути, и раководителката на Секторот интеграции, Христина Конеска-Бероска, ја презентираа структурата која Патоказите која да ја следат и формата во која се очекува придонесот од граѓанските организации, во оваа фаза од подготовката на овие документи.

Вицепремиерот изрази благодарност до претставничките и претставниците на граѓанскиот сектор за посветеноста и желбата процесот да успее и да помогнат, додавајќи дека „невладините организации остануваат силен партнер во евроинтегративниот процес и како едни од клучните актери во процесот на демократизација на македонското општество остануваат активни до крај на исполнување на стратешката цел на државата, а тоа е членството во ЕУ“.

Претставниците на ИДУЕП ја поздравија првата од серијата на консултативни средби, како и вклучувањето на граѓанскиот сектор во процесот на европска интеграција и преговори за членство во ЕУ. Тие дадоа предлог поголем фокус во процесот да се стави во комуникацијата на овие теми во јавноста од страна на надлежните институции, но и од граѓанските организации и носителите на локалната власт и пратениците од надлежните комисии во македонското Собрание. Дополнително, ИДУЕП информираше дека целосно на располагање го става својот капацитет, знаења и ресурси бидејќи како граѓанска организација од своето формирање во 2009 година активно работи на промоција на придобивките за граѓаните и потребата од полноправно членство во евроатлантските институции.

За време на консултативната средба, од Секретаријатот за европски прашања најавија дека средбите со граѓанските организации ќе продолжат и во фазите кои ќе следат, а со цел на крајот да се обезбедат патокази кои ќе бидат одраз на напорите на сите општествени чинители за реформи на политиките и институциите и за подготовка за полноправно членство во ЕУ до 2030 година.

Поврзани соддржини

Leave a Comment