Во рамки на овогодинешниот Преспа форум дијалог кој се одржа на 15 и 16 јуни 2023 година во Струга се одржа и панел дискусија на тема „ Дигиталната трансформација поврзува – Перспективи за партнерства на Западен Балкан“. Во дискусијата како говорник и модератор учествуваше и претседателот на ИДУЕП, комуникологот Бојан Кордалов.
Воведни излагања имаа министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и министерката за дигитализација во Владата на Република Словенија, Емилија Стојменова Дух.
Во рамки на оваа панел дебата како панелисти учествуваа и Аино Лепик Фон Вирен, генерална директорка во Министерството за надворешни работи на Естонија, поранешниот министер и член на УО на МАСИТ, Дамјан Манчевски, професорката на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово, Ермира Идризи и основачот на граѓанската организација „ЦИВИЛ“, Џабир Дерала.
Завршни согледувања и предлог следни активности беа споделени од страна на државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу-Халили.
Говорниците разговараа за актуелните предизвици и можности за дигитална трансформација во земјите од Западниот Балкан, градењето на партнерства и сојуза во оваа сфера преку преземање на конкретни чекори за подобрување на дигиталната инфраструктура и поврзаност на целиот регион. Беше даден осврт и на важноста за меѓусебна соработка со цел заштита од сајбер напади и други хибридни напади, како и потребата од заедничка работа на теми како што се блокчеин технологиите, вештачката интелигенција и слично.
Видео од целиот панел е достапно тука: