ИДУЕП оглас: Проектен соработник / Проектна соработничка

На тимот на ИДУЕП е потребно засилување: Проектен соработник/Проектна соработничка

Опис на работно место: Бараме талентирана и организирана личност да се приклучи на нашиот тим како проектна соработничка/проектен соработник. Ова е хибридна позиција, така што е потребна работа од дома, како и од работни простории и на терен.

Работниот ангажман вклучува:

  • Поддршка во работните задачи на претседателот на Институтот и проектниот тим;
  • Поддршка во реализацијата или целосно самостојна реализација на проектни активности од делокругот на работа на Институтот;
  • Подготовка на распореди и документи, внесување податоци и водење на календар на активности;
  • Иницирање, планирање и координација на јавни настани во Скопје и низ цела држава;
  • Организирање состаноци, изготвување записници и координирање на follow up активности;
  • Координација и комуникација со соработниците и членовите на тимот, како и иницијативи за вмрежување и градење на партнерства на Институтот;
  • Подготовка на материјали за промоција на Институтот на социјалните медиуми и веб страната на Институтот;
  • Истражување и прибирање податоци.

Од кандидатот/кандидатката очекуваме иницијативност, проактивност, организациски способности, самостојност во вршењето на работите, но и желба за тимска работа, како и желба за постојано надоградување и подобрување на своите вештини.

(НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО) Ве молиме наведете само доколку имате искуство и во вршење на некоја од следните работни задачи:

  • Изработка на предлог проекти и иницијативи
  • Изработка на наративни и финансиски извештаи за проекти
  • Организирање и одржување електронски и физички датотеки

ВАЖНО: Доколку сте заинтересирани, Ве молиме Вашата кратка биографија (CV) да ја испратите на contact@iduep.org.mk најдоцна до 15.6.2023 година. Тимот на ИДУЕП Ве охрабрува да наведете дополнителни информации и податоци кои сметате дека се релевантни за Вашиот работен ангажман. За финансиските и другите услови ќе биде разговарано на интервју со селектираните кандидатки/кандидати!

Ви благодариме на довербата!

Со почит,

ИДУЕП тим

Leave a Comment