ИДУЕП и ФНФ студиска посета на Софија – Дигитализацијата, иновациите, младите и ЕУ интеграцијата во фокусот

Во периодот од 20 до 23 јуни 2023 година, во организација на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондацијата за слобода „Фридрих Науман“ – регионална канцеларија за Југоисточна Европа (ЈИЕ) се одржа тематска студиска посета на Софија, Бугарија во сферите на дигитализација, иновации, поддршка за млади и европски интеграции. Целта на студиската посета беше мапирање на потенцијалите за соработка помеѓу различните општествени чинители од двете соседни земји со фокус на горенаведените тематски области, како и споделување на знаења и искуства помеѓу различни организации, институции, компании итн. Оден…

ПФД2023: Дигиталната трансформација поврзува – Перспективи за партнерства на Западен Балкан

Во рамки на овогодинешниот Преспа форум дијалог кој се одржа на 15 и 16 јуни 2023 година во Струга се одржа и панел дискусија на тема „ Дигиталната трансформација поврзува – Перспективи за партнерства на Западен Балкан“. Во дискусијата како говорник и модератор учествуваше и претседателот на ИДУЕП, комуникологот Бојан Кордалов. Воведни излагања имаа министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу и министерката за дигитализација во Владата на Република Словенија, Емилија Стојменова Дух. Во рамки на оваа панел дебата како панелисти учествуваа и Аино Лепик Фон Вирен, генерална директорка…

ИДУЕП оглас: Проектен соработник / Проектна соработничка

На тимот на ИДУЕП е потребно засилување: Проектен соработник/Проектна соработничка Опис на работно место: Бараме талентирана и организирана личност да се приклучи на нашиот тим како проектна соработничка/проектен соработник. Ова е хибридна позиција, така што е потребна работа од дома, како и од работни простории и на терен. Работниот ангажман вклучува: Поддршка во работните задачи на претседателот на Институтот и проектниот тим; Поддршка во реализацијата или целосно самостојна реализација на проектни активности од делокругот на работа на Институтот; Подготовка на распореди и документи, внесување податоци и водење на календар на…

ИДУЕП во работна посета на Брисел – Во фокусот комуникацијата на процесот на ЕУ преговори и зајакнувањето на партнерствата

Претставници на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) беа во работна посета на Брисел и дел од ЕУ институциите во периодот 30.5 до 2.6.2023 година. Целта на посетата беше размена на искуства и стекнување на нови знаења и вештини во делот на поддршката за младите, жените и дигитализацијата, со посебен фокус на важноста на правилната и инклузивна комуникација на процесот на европски интеграции и ЕУ преговори, како и остварување на средби за зајакнување на вмрежувањето со ЕУ институции и партнерските тинк тенк организации. Институтот за добро управување и…