Одржана обука за обучувачи за избори и изборни права со фокус на организации за права на жените и помалите заедници

Во периодот од 9 до 11 мај 2023 година во Скопје беше одржана тридневна обука за обучувачи за избори и изборни права, наменета за над 12 претставнички и претставници на граѓанскиот сектор, односно организации кои примарно ја фокусираат својата дејност на родовата еднаквост и поддршка за немнозинските заедници.

Земајќи предвид дека во демократијата е важно сите да можат да го остварат своето право на глас, Мисијата на ОБСЕ ја поддржа Државната изборна комисија (ДИК) во напорите за зголемување на капацитетите за обука на граѓанските организации кои работат во областа на правата на жените и правата на помалите заедници.

Обуката ја организираше Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи, а обучувачи беа Нина Шуловиќ Цветковска од ОБСЕ, Бојан Кордалов, Билјана Јаневска и Тоше Зафиров како претставници ма ИДУЕП и Благица Димитровска од организацијата „Инклузива“. За време на обуката, свое активно учество имаше и раководителната на Центарот за обука и портпаролка на ДИК, Љупка Гугучевска Филипоска.

На крајот од обуката, сите учеснички и учесници добија сертификат за учество на обука за обучувачи доделен од страна на Мисијата на ОБСЕ.

Поврзани соддржини

Leave a Comment