Претставник на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), Бојан Кордалов, беше во работна посета на Копенхаген, Данска на 16 и 17.5.2023 година. Целта на посетата беше размена на искуства и стекнување на нови знаења и вештини во делот на дигитализацијата на различни нивоа и сфери на општествено дејствување, како и средби и вмрежување со нови потенцијални институции, организации и поединци.
Во рамки на активностите, меѓу другото, беа остварени средби со претставници и претставнички на новоформираното Министерство за дигитално управување и родова еднаквост, Данске банк, Светската здравствена органозација (СЗО), средба со македонскиот амбасадор, Н.Е. г-н Фатон Бејта, како и средби со успешни млади луѓе со потекло од земјава кои живеат и работат во Данска.
На средбите беше разговарано за можностите за размена на искуства и соработки, како и спроведување на заеднички активности во рамките на мисиите, како и целите и задачите на организациите и институциите, со особен фокус на дигиталната трансформација на општеството, вештачката интелигенција и младите.
Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) со оваа и идни вакви активности продолжува да ја зајакнува својата меѓународна позиција и соработка, истовремено давајќи максимален придонес за унапредување на македонското општество и конкретен придонес во процесите на дигитализација, поддршка на младински проекти и иницијативи, како и во рамките на преговорите со цел полноправното членство во Европската Унија.