Одржана обука за обучувачи за избори и изборни права со фокус на организации за права на жените и помалите заедници

Во периодот од 9 до 11 мај 2023 година во Скопје беше одржана тридневна обука за обучувачи за избори и изборни права, наменета за над 12 претставнички и претставници на граѓанскиот сектор, односно организации кои примарно ја фокусираат својата дејност на родовата еднаквост и поддршка за немнозинските заедници. Земајќи предвид дека во демократијата е важно сите да можат да го остварат своето право на глас, Мисијата на ОБСЕ ја поддржа Државната изборна комисија (ДИК) во напорите за зголемување на капацитетите за обука на граѓанските организации кои работат во областа на…