Финален Документ со конкретни препораки и предлози за идното дејствување на Клубот за младински политики при Собранието 2023/2024 година кој е изготвен од страна на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондацијата „Фридрих Науман“ со цел предлог конкретни активности и мерки кои ќе водат кон подигнување на младинскиот стандард во земјата.
Овој документ е дел од 6месечен консултативен процес во кој беа вклучени различни граѓански организации кои застапуваат и работат со млади, а започна со организирање на јавниот настан на тема „Како до подобар младински стандард во 2023 година?“ кој во текот на месец декември 2022 година се организираше во директна соработка со Клубот за младински политики при Собранието.
Публикацијата е издадена на македонски и албански јазик во текот на месец мај 2023 година.
Policy brief: Како до подобар младински стандард? (.pdf)
Policy brief: Si të arrihet një standard më i mirë për të rintjë? (.pdf)