Проектот за дигитални реформи во високото образование презентиран пред дел од универзитетите

Членови на АЛПИ програмата, претставници на ИРИ и на ИДУЕП остварија работни средби во ректоратите на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, универзитетот на ЈИЕ во Тетово, како и универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Одделните средби се одржаа во периодот декември 2022 и јануари 2023 година, а беа реализирани со ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Дејан Мираковски, проректорката за настава при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Христина Спасевска и сo проректорот за академско планирање и за дигитализација при ЈИЕ Универзитетот, проф. д-р Адриан Бесими.

На средбите, претставниците на универзитетите беа запознаени со иницијативата и планираните активности, а беше остварена и иницијална соработка со цел заедничко учество во следните активности на Проектот за дигитализација во високото образование“.

Проектот „Дигитални реформи за современо високо образование – младински перспективи“ е инициран од 6 АЛПИ членови, финансиран од страна на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), а во рамки на АЛПИ програмата за напредно политичко лидерство. За таа цел ИДУЕП изработува анализа за дигитализација на услугите во македонското високо образование, изработка на завршна студија со заклучоци и препораки, како и јавна презентација и промоција на резултатите во делот на дигитализација на високо образование.

Институтот за напредно политичко лидерство (АЛПИ) е програма на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) преку која млади лидери и лидерки, претставници и претставнички од политички партии и граѓанскиот сектор, заеднички развиваат капацитети за стратешко и натпартиско дејствување и практикување на демократски дијалог. Ова е прва генерација на АЛПИ членови во Северна Македонија.

 

Поврзани соддржини

Leave a Comment